Молитвено чествување на Светиот Великомаченик Димитриј Солунски во манастирот на Св. Наум Охридски - Роклин, АУС (08.11.2015)

Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И, како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема.










По молитвите на Св. Прохор, Господ да му дарува здравје и духовни сили на отец Гаврил уште многу години да го просветува и насочува кон Бога верниот народ.


Како што телото, умирајќи се одделува од сè што е живо така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.





























