1. И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои:
2. Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распјатие.
3. Тогаш првосвештениците и книжниците, и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,
4. и се советуваа како да Го фатат Исуса со измама и да Го убијат;
2 Мај 2024 - Велики Четврток
Од 8 и 30 часот Литургија на Св. Василиј Велики во спомен на востанувањето на Светат тајна причест/ заедништво!
По Литургијата ќе се одржи осветување на масло кое се користи за Светат тајна маслосвет. На овој чин оние кои својата надеж за исцеление ја имаат во Господа од страна на свештенослужителите се помазуваат за прошка на гревовите и за исцеление на душите и телата!
6. А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот,
7. се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата.
8. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање?
32. Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
33. Продајте ги имотите ваши и давајте милостина! Згответе си ќесиња, што нема да изветват, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34. зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
На 13.4.2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Oсветувањето на новоизградениот храм посветен на светите 40 Севастиски маченици – Младенци, а којшто беше изграден во спомен на петтемина свирепо убиени во 2012 година кај месноста Смилковци, крај Смилковското Езеро.
Моштите на Светата Стефанида Битолско-Скадарска се наоѓаат во Слепченскиот Манастир чие Сестринство ја сотвори службата и акатистот на Светителката, како и истражувачка книга за нејзиниот живот и духовни подвизи. Оваа книга се работеше последните три години и на радост на сите наскоро ќе биде објавена заедно со нејзината икона и славословие.
Се случува не само кај верните, туку и кај неверните, да исчезнат сите нивни страсти и да им остане само една единствена страст и која, иако една, по големината на своето зло, да ги замени сите други страсти и која е толку штетна, што може да симне и од самото небо. Таква страст е гордоста.
Свети Јован Лествичник
На 12.4.2024 година, во четвртиот петок од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, зеде молитвено учество во читањето на Акатистот кон Пресвета Богородица. По читањето на истиот, следуваше благословување на Петолебието.
" Кога некој оди на Литургија,треба да оди со мислата дека му предстои средба со Христос... Литургијата е присуство на Христос и Неговото Царство.... Литургијата е една литија, едно движење кон небото...
старец Емилијан Симонопетриски