На 08.12.07, на денот кога Македонската Православна Црква го празнува празникот на Св. Климент Охридски - Чудотворец, во Торонто, во храмот што го носи името на патронот на МПЦ, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј отслужи Архиерјска Божествена Литургија во сослужение на свештенослужители од канадското намесништво.

Митрополит Методиј се обрати кон народот со пригодно слово и го честита патрониот празник на верниците.

metodij.toronto.jpg

metodij.toronto1.jpg

metodij.toronto2.jpg


По повод празникот беше организиран свечен банкет на кој покрај големиот број македонци, присуствуваа и претставници на дипломатско-конзуларните институции на Р. Македонија од Отава и Торонто. Пред почетокот на прославата беше прережан славски колач и беа избрани нови кумови.

Утредента, по повод празникот Св. Преп. Алимпиј Столпник, во истиот храм, беше отслужена Архиерјска Божествена Литургија.

metodij.toronto3.jpg

metodij.toronto4.jpg

 metodij.toronto5.jpg

metodij.toronto6.jpg

 

 

Известува: ѓакон Стеван Барјактаров

Посети: {moshits}