





Во рамките на одбележувањето на 130 години од изградбата на храмот „Свети Димитриј“ во Скопје, признание му беше доделено на протојерејот-ставрофор Спасе Стефановски, некогашен парох во овој храм и долгогодишен свештенослужител меѓу македонските православни верници во Австралија. Како најстар свештеник во Скопската епархија, отец Спасе го прими признанието во знак на благодарност за неговото долгогодишно пастирско служење, но и во чест на трудот на неговите собраќа свештеници, кои низ годините го граделе и го негувале духовниот живот на храмот. Ова признание е израз на почит кон свештеничката посветеност, кон годините поминати во служба на Бога и народот и кон придонесот во зачувувањето на православната вера, како во татковината, така и меѓу нашите иселеници во Австралија. Нека му бидат многу и благословени годините на отец Спасе!
12.11.2026
ПП




























