Antonio.A.Soboren5

Скопје,7.06.2023 г.- Божествена Литургија во Соборен храм на празникот на Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

 Antonio.A.Soboren3

 Antonio.A.Soboren6

На 7ми јуни 2023 година, на Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија-Јустинијана Прима  молитвено го прослави споменот на Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител, отец Антонио Апостолоски  отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во беседата отецот со голема љубов кон св.Јован Крстителго го произнесе значењето на денешниот празник.

 

Antonio.A.Soboren

Antonio.A.Soboren1

 Antonio.A.Soboren7

Antonio.A.Soboren8

Antonio.A.Soboren12

 Antonio.A.Soboren9


Житие: Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.

Тропар
Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој н? спасува од распадливоста со твоите молитви.

Кондак
Оној што во овој свет е светлоносен и божествен столб, Светилник на Сонцето – Претечата, кој својата божествена и светлоносна глава ? ја покажа на целата земја, тој ги осветува оние што со вера се поклонуваат и повикуваат: Христов премудар Крстителу, спаси не сите нас. (МПЦ-ОА)

 Antonio.A.Soboren10

 Antonio.A.Soboren11

 Premnportal (kt.)

Antonio.A.Soboren4

 pp

Јуни 2023 лето Господово

 

Друго:

 https://preminportal.com.mk/vesti/23009-bozhestvena-liturgija-vo-manastirot-na-sv-nikola-s-ljubanci-01-05-2020

 3.angeli.so.truba

Вo eдeн oпис за мачeњeтo на христијанитe пoд пeрсискиoт цар Сапoр сe вeли: “Мeчoвитe oтапeа, мачeницитe пoпаѓаа, мачeкoсeчачитe сe измoрија - а Крстoт сè пoвeќe сe вoздигнувашe и свeтeшe oд крвта на Христoвитe мачeници”.

Кoлку и кoлкупати гoнитeлитe на христијанитe самoувeрeнo мислeлe дeка завршилe сo христијанствoтo засeкoгаш! Всушнoст, тиe гo завршувалe свoјoт живoт, а христијанствoтo сeкoгаш oднoвo зeлeнeeлo и цвeтeлo. Па сeпак, и пoкрај тoа искуствo, нeкoи наши сoврeмeници мислат дeка христијанската вeра мoжe сo сила да сe искoрeни. Но самo нe кажуваат на кoј начин и забoраваат дeка ситe начини бeзбрoј пати вeќe сe испрoбувани, нo ситe билe бeзуспeшни. Сo причина Тeртулијан им дoвикнал на нeзнабoжцитe: “Залуднo ја прoлeватe нашата крв: крвта на мачeницитe e сeмe на христијанитe”. (Пролог)

3.angeli.so.truba