
Втор ден Духовден во Дебарско-кичевската епархија традиционално, секоја година, соборно се прославува со Божествена Архиерејска Литургија во катедралната црква на Охридските архиепископи, „Света Софија“. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, архиерејски намесник на Охрид, протојереј Сашо Богданоски, парохиски свештеник при црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, свештеник Димче Ѓорѓиески, парох варошки, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија, свештеник Никола Христоски, редовен свештенослужител во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ и ѓакон Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија.

На Светата Литургија присуствуваше и многуброен верен народ од Охрид, кои заедно со својот Претстојател радосно го прославуваа овој празник на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.

Известува: ѓакон Димче Азески