Раѓање на св. Јован Крстител - Иванден
 
На свети Јован Крстител црквата му посвети неколкупразници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со Пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.
 
За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат:

Глас четврти

Пророче и претечо на Христовото доаѓање, ние што со љубов те почитуваме, не  знаеме како подостојно да те прославиме. Со твоето славно и чесно доаѓање се разреши неплодноста на родилката безгласноста на татко ти, а на светот му се проповеда овоплотувањето на Синот Божји.