Copy_of_IMG_8187

 Copy_of_IMG_8189

Архиерејска Литургија и Молебен на денот на сесловенските просветители Св. Методиј и Кирил

 На денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Деканот на Православниот богословски факултет во Скопје, протоереј - ставрофор Ацо Гиревски и свештенослужители од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богордица“ во Скопје. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни. На Литургијата присуствуваа Ректорот, проф. д-р Велимир Стојковски со проректорите, професори и студенти од Скопскиот Универзитет. На Литургијата присустваа и гости ректори од Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ од Р. Бугарија и еден од универзитетите во Хрватска.

 Copy_of_IMG_8192

 Copy_of_IMG_8205

 Copy_of_IMG_8235

 Copy_of_IMG_8256

 
Потоа се отслужи Молебен во аулата на Универзитетот пред споменикот на светите Кирил и Мeтодиј.

 Copy_of_IMG_8271

 Copy_of_IMG_8277

 Copy_of_IMG_8266

 Copy_of_IMG_8280

  Извор: Скопска епархија