sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpgНикој нека не мисли, браќа мои, драги мои браќа во Христа, дека должноста за молење без престанок  секогаш им припаѓа само на оние  со чин свештенички или монашки, а не на световните луѓе.
  Не, не; сите ние, Христијаните, имаме должност да бидеме секогаш во состојба на молитва. Само видете што пишува Светиот Патријарх Константинополски Филотеј во Житието на Свети Григориј Солунски:
 
„Овој  Ерарх имаше драг пријател со име Јов, прост човек, но богат со добри дела. Во една прилика разговарале  и по прашањето на молитвата. Епископот рекол дека сите Христијани мораат да се борат во молитвата  и мораат постојано да се молат, како што поттикнува Апостол Павле „молете се постојано“ (1.Сол. 5:18); и како што Пророкот Давид  говори за себе (и покрај фактот што бил цар и дека морал да грижи за целокупното царство) : „ Секогаш пред себе го гледам Господа“ (Пс. 16:8),  т.е. во очите на својот ум , секогаш го гледам Господа пред мене во својата молитва.

И Свети Григориј Богослов ги учи сите Христијани и им говори дека треба да се сеќаваат на Името Божјо , почесто отколку што дишат.
 
Говорејќи го ова и уште многу околу тоа на својот пријател Јов, Ерархот додал дека не само што, слушајќи ги заповедите на Светителите, треба да се молиме  секогаш,  туку би требало и другите да ги подучуваме  да го прават истото; сите, без разлика - монаси и световници, учени и неуки, мажи и  жени и деца - би требало да се стремат да се молат без престанок.
 
Слушајќи го ова, старецот Јов мислел дека е ова нешто ново и почнал да се расправа,  говорејќи му на Ерархот  дека постојаната молитва е дело само на  подвижниците  и монасите коишто живеат вон светот и неговите грижи, а не на  световните  луѓе кои имаат  толку многу грижи и работа.

Повеќе