На 20. 02. 2008 год,. ден среда, беше отслужена Света Архиерејска Литургија во Бигорскиот манастир. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, а во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и архимандритот Партениј, како и монаштвото на Бигорскиот манастир.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитите Тимотеј и Агатангел извршија осветување на плато во кругот на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде поставен параклис посветен на
Св. Серафим Саровски. 

 
 
 
 
Повеќе: Повардарска епархија
Посети:{moshits}