Pimen.Blazo.jpg

Денес кога Црквата Божја го слави споменот на св. пророк Софониј,  во соборниот храм на Европската епархија во Малме се отслужи Архиерејска Литургија чиноначалствувана од надлежниот архиереј г. Пимен во сослужение со парохискиот свештеник о. Блажо Кожарски.
Митрополитот во својата беседа, навраќајќи се на денешното Евангелие за свадбата на царевиот син напомена дека со тоа што поканетите на свадбата (народот Израилев) на царевиот син (Христос) одбија да отидат на истата поради нивните страсти кои ги влечат кон материјалното богатсво и сластољубието и нам, на сите останати народи ни се даде можност да влеземе на свадбената свеченост на царевиот син  (Царството Небесно).

 Pimen.Blazo.jpg

  За Преминпортал:

о. Блажо Кожарски