_mg_6352

Prezident.Matka.jpg

Prezident.Matka1.jpg

Prezident.Matka.jpg

_mg_6312

_mg_6325
„Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној што се всели во нејзината вечно девствена утроба“

(Кондак на Успение на Пресвета Богородица)

_mg_6349

Во денот кога Православната црква блажено си спомнува за Успението Богородично, во преполнетиот манастирски комплекс во месноста Матка, се отслужи Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија. Верниот народ молитвено просејќи застапништво од Заштитничката на родот човечки, Мајката Божја, се причести со Светите Христови Тајни. Претседателот Ѓорге Иванов со сопругата Маја присуствуваа на Литургијата  и  одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот на Матка.

 _mg_6359

_mg_6366

_mg_6362

Извор: Скопска епархија

  • МИА