Тропар на воведение на Пресвета Богородица 4 декември/21 ноември (04.12.2025)
Денес е почетокот на Божјата милост
и на проповедта за спасение на луѓето.
Во храмот Божји јасно Дева се јавува
и Христа на сите го предвестува.
Денес е почетокот на Божјата милост
и на проповедта за спасение на луѓето.
Во храмот Божји јасно Дева се јавува
и Христа на сите го предвестува.
Пример си бил на воздржание,
со Божествен Дух сите просветувајќи ги,
правоверно животот завршувајќи го,
со учењето светот го просветли,
Велик е животот на праведникот пред Господа,
и него наградата не го одминува,
така ти Авдие Божји пророче,
дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна
која во себе ќе ги удоми децата,
од нив сега прими пофалба торжествена
.
Маченикот Твој Платон, Христе Боже наш, избирајќи го Животот вечен
Тебе Те исповеда и времениот живот маченички го заврши,
Избирајќи живот по вашата вера,
наместо виделина од очите телесни,
Гурие и Самоне, Бога го прославивте
во вашето мачеништво, при вистината останавте
и ревност подаривте на Авива ѓаконот.
Од устата твоја како светлина огнена
блесна благодатта која ја просветли вселената.
Ризница на несреброљубие за светот стекна,
а нам ни ја покажа висината на смиреномудрието.
Архистратизи на небесните воинства,
ние недостојните постојано ве молиме:
со вашите молитви заштитете нѐ,
под покровот на крилјата на вашата слава
невешествена, пазејќи нѐ нас кои усрдно пред вас
О достославни ученици Христови,
вие Бисерот го најдовте,
радоста со родот човечки ја споделивте,
со неа исполнети маките и прогоните за трици ги сметавте,
Апостоли свети Христови,
трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,
со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,
молете се о свети благовесници,