логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

sv.Erazmo.Ohridski.jpg

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Еразмо Охридски
2 јуни / 15 јуни

Мудри, твојот преподобен живот го измина,
украсувајќи се со светол хитон свештенички.
Пролевајќи ја крвта своја маченичка,
си се удостоил со вечна награда
и стоејќи пред Пресвета Троица,
се молиш за нас, кои те прославуваме.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите Христови
дваесет илјади маченици Охридски
2 јуни / 15 јуни

Утрински ѕвезди, дваесет илјади поведени од пастирот Еразмо, поитавте кон Сонцето на правдата,
венци да добиете за верата ваша,
а нас нѐ устоличивте надеж во вашите молитви да имаме
и да повикаме: радувајте се во Христа свети воини Господови!


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов исповедник
Никифор
 патријарх Цариградски
2 јуни / 15 јуни

Никифоре свети пастиру Божји,
прими денес и во векови пофалба од вселената,
слава и чест во дворовите небесни,
венец маченички од рацете Христови,
круна исповедничка од Бога Троичниот,
и за нас спомни си облагодатен слуго Христов,
кога пред Господа коленичиш за родот човечки.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот Христов
новомаченик Димитриј
2 јуни / 15 јуни

О, Димитрие свети мачениче,
преку тебе Господ го посети народот свој,
преку тебе ја познаваме силата
во слабоста на телото,
преку тебе молитвите на светиите
ја покажаа Божјата љубов над родот човечки.
Радувај се новомачениче,
пред чии благодатни мошти се поклонуваме,
и на твоите свети молитви
пред Бога се надеваме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов нов великомаченик
Јован Сочавски
2 јуни / 15 јуни

Низ многу тегоби се влегува во Небесното Царство
о, велик Јоване, но патот твој
поради големата ревност за Христа,
со благодат неизмерна беше обвиткан,
која послужи исповедништво на верата,
примерно да покажеш пред светот и ангелите.
Затоа моли се непрестано за нас чудотворче Божји,
спасени да бидеме по твоите свети молитви.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар
на преподобниот отец
Марин Ван
2 јуни / 15 јуни

Подвижништвото го смири умувањето плотско,
а верата те поведе по патиштата на
духовното богатство,
о, Марине милостив слуго Божји,
строг во подвигот,
благочестив пред вселената
и топол молитвеник за нас пред Господа.

 

Извор МПЦ - ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020лето Господово

 

Од Верскиот календар:

 

sv.Erazmo.Ohrid.pestera1.jpg  sv.Erazmo.Ohridski.jpg

Глас четврти:

Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света Троица, се молиш за нас, кои те прославуваме.


 sv.Erazmo.Ohrid.pestera.jpg

Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски    (Задушница)

sv.Erazmo.Ohridski.jpg 

Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време престојуваше во Илирија. Царот го изведе пред бакарната статуа на Ѕевс и му нареди да принесе жртва и да му се поклони на идолот. Свети Еразмо направи со благодатта, па од статуата излезе страшен змеј и го исплаши сиот народ. И пак направи светителот со благодатта и змејот пцовиса. Тогаш светителот Го проповедаше Христа и крсти дваесет илјади души. Огорчен царот нареди и ги заклаа сите овие дваесет илјади христијани, а Еразмо го стави на тешки маки, па потоа го фрли во затвор. Но му се јави ангел Божји, како некогаш на Светиот апостол Петар и го изведе Еразмо од затворот.

По ова овој Божји слуга отиде во Кампанија, каде што им го проповедаше Евангелието на луѓето, па повторно се врати во градот Хермелија, каде што се повлече во една пештера, во која се подвизуваше до смртта. Пред смртта трипати се поклони кон исток и со воздигнати раце Му се молеше на Бога, Бог да им ги прости гревовите и да им подари вечен живот на оние коишто со вера ќе го повикуваат неговото име. На крајот од молитвата се слушна глас од небото: „Нека биде како што се молеше, исцелителу мој Еразмо!“ Сиот радосен светителот погледна уште еднаш на небото и го виде венецот на славата кога се спушташе на него и виде хорови ангели, пророци, апостоли и маченици, кои приоѓаа да ја примат неговата душа. Најпосле самиот возвикна: „Господи, прими го духот мој!“ и издивна, во 303 година. Пештерата со црквичката на Свети Еразмо и денес стои недалеку од Охрид и од неа и до денес се пројавува големата сила на овој Божји угодник, свештеномаченик Еразмо.


 Свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски

Бsv.Nikifor.Erusalimski.jpgлагородник од Цариград. Татко му, Теодор, беше висок чиновник на царскиот дворец, богат и благочестив. Никифор служеше неколку години на дворецот во истиот чин како татко му. Но откако ја виде сета светска суета, се оддалечи на бреговите на Босфор и таму изгради манастир. Набрзо манастирот се наполни со монаси, а тој управуваше со манастирот не сакајќи самиот да се замонаши, под изговор дека е недостоен, иако во сѐ им служеше на сите за пример. Пред ова, учествуваше на VII Вселенски Собор како мирјанин, по волја на царот и на патријархот и многу му користеше на Соборот со своето извонредно познавање на Светото Писмо. Кога умре патријархот Тарасиј, Никифор беше избран за патријарх, против неговата волја. Веднаш по изборот го прими монашкиот чин и другите чинови по ред и во 806 година беше востоличен во Света Софија за патријарх. Тоа беше во времето на царот Никифор, којшто набрзо потоа отиде во војна со Бугарите и загина. Неговиот син Ставрикиј владееше само два месеци и умре. По ова се зацари царот Михаил Ранкаба, но владееше само две години, додека царот Лав Ерменин не го собори и протера. Кога се зацари овој Лав, патријархот му испрати книга за Православното Вероисповедање за да ја потпише (според обичајот на сите византиски цареви, а што се сметало за заклетва дека ќе се држи и ќе се брани вистинската вера). Царот не потпиша, туку го одложи тоа за после крунисувањето. А откако патријархот го круниса, тој откажа да ја потпише оваа книга и набрзо се објави себеси како еретик иконоборец. Патријархот се обиде да го посоветува и да го врати кон вистинската вера, но попусто. Царот насилно го протера Никифор во прогонство на островот Проконис, каде што во беда и во секакви лишувања помина тринаесет години, па се пресели во вечноста, во 827 година. Како патријарх управуваше со Црквата Христова девет години.

Светиот новомаченик Константин

Роден како муслиман на осторовот Митилена. Откако беше исцелен со помош на Света вода, со што се избави од тешка болест, и откако виде многубројни други чуда на верата Христова, се крсти на Света Гора во Скитот Капсокаливит. Подоцна им падна в рака на Турците коишто по четириесетдневни маки го обесија во Цариград, на 2 јуни 1819 година.

 sv.Jovan.Socahavski.jpg

Свети Јован Нов Сочавски

Благородник од Трапезунт. Обвинет од некој завидлив Латин пострада за Христа во 1492 година во градот Акерман. После мачењето, затоа што не сакаше да ја усвои верата персиска (бидејќи градоначалникот беше припадник на таа вера), Свети Јован беше врзан за нозете на еден коњ и влечен по градот. Некој злобен Евреин штом го виде, притрча и го закла. Таа ноќ мнозина видоа огнен столб над неговото тело и три светлоносни мажи околу него. Подоцна војводата молдавски Јоалександар му го пренесе чесното тело во градот Сочава и го погреба во храмот на митрополијата, каде што и денес почива и чудесно ги спасува луѓето од разни маки и болести. Чесно пострада и се прослави на 2 јуни 1492 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1257
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1126
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

« »