Едниот од сириските Mитрополити е убиен

Сѐ уште нема официјална потврда на информацијата, а исто така не е познато кој од двајцата духовници, што беа киднапирани во април, е убиен.
Митрополитот на Алепо Павле и Сиро-јаховитскиот Митрополит Јохан Ибрахим беа киднапирани на 22 април од вооружени лица и оттогаш нема официјални податоци за нив. Нивниот шофер и ѓакон е убиен уште при самото киднапирање. Двајцата духовници патуваа по работа. Тие се занимаваа со решавање на хуманитарните проблеми на месното население во селотот Кафр-Даел, на границата меѓу Сирија и Турција.