Perivlepta.730g.


По повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид, кој е еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија,

во недела на 12.10.2025 г. во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков. Покрај локалните свештеници од Охрид, во богослужението ќе земат учество и гостите од Српската православна црква: главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработна на Православниот богословски факултет во Белград прот. ст. Владимир Вукашиновиќ.

 

fb Дебарско-кичевска епархија Охрид

11.10.2025 лето Господово