логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта, ќе рече великиот авва Антониј од пустината, а мудриот ќе разбере што сакал да каже аввата затоа што ќе се сети на заповедта од Бога дека треба да го љубиме ближниот како себеси. А љубовта подразбира милост и жртва кон ближниот. Да му подадеме рака кога му е најтешко, да го нахраниме кога е гладен, да го напоиме кога е жеден, кога е болен или во затвор да го посетиме, да се молиме постојано за него... А ако сме избрани од Бога да бидеме пастири словесни и чекор повеќе треба, да си ја положиме душата своја за чедата свои, подобно на добриот пастир од Евангелието.
И така преку љубовта и милоста кон ближниот ќе избереме живот вечен или пак преку омразата кон истиот ќе избереме вечна смрт.


Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги лекувал и исцелувал ближните без надомест и без земна награда поради дарот и љубовта што ја имал од и кон Бога. Бесплатно го дарувал она што бесплатно го добил од Дародавецот. И кој не можеле гонителите ни со меч да го погубат додека не ја завршил со Амин својата молитва кон Бога за спасение на неговата душа, за спасение и исцеление на душите и телата на своите ближни, но и за покајание на оние под чиј меч ја предал својата душа во прегратките на Семилостивиот наш Бог. И кој преку ближните го добил животот вечен.

3.angeli.so.truba


А крвта негова се пролеа како семе за раѓање нови Христијани на сегде и низ сите векови.
И никна негов храм токму тука од вредната и света рака на семилостивиот епископ и пастир Климент, нашиот чудотворец. Храм за собирање на заедничка молитва на верниот народ и станување на сите едно во Телото и Крвта Христова. Но и место каде освен верата, ќе се учат и буквите, словата преку кои ќе се слови за Словото. Место каде светиот Климент душата си ја полагал за овците свои. Место во кое и својот гроб со свои раце ќе го ископа за да му ја даде засекогаш светоста на ова место кое гордо се издига над Охрид и езерото. Место кое ќе биде светило на врв планина. Место во кое својот земен живот го завршил Климент Великиот, но не ја завршил и својата мисија. Бидејќи неговата мисија ќе трае низ сите векови до стигнувањето во Царството небесно на сите нас кои преку него молиме прошка за нашите гревови, исцеление на нашите души и тела и спасение од Бога Света Троица. И ќе трае мисијата додека стигне и последното негово чедо пред престолот на Бога, та Климент светиот да може да изговори пред Христа: еве ме мене и децата што ми ги даде Бог.
Да, таква е неговата мисија низ вековиве минати и вековите што следат.
И ако ме прашате каква е нашата мисија, јас би рекол ништо поинаква од светиклиментовата.
Но, знам дека времето во кое живееме нé плаши и расколебува во нашата можност за следење на неговиот подвиг?
Но, не е ли тоа маловерие?
Зарем мислиме дека грижата на Бога кон нас ослабнала? Зарем се сомневаме во молитвеното застапништо на Свети Климента и Свети Пантелејмон? Зар исчезнале ближните преку кои можеме да загинеме или да се спасиме?
Не, се ни е дадено, само прашање е колку го користиме даденото?
За жал и денес во 21 век дадени ни се сиромашните за да ги нахраниме, а тие да севпомолат за нас, дадени ни се и богатите за да се молиме за нив кога ни помогнале, дадени ни се и отпаднатите од верата и Бога за преку нашата поука и молитва за нив се преобратат и спасат, дадено ни е и здравјето за да го чуваме, та чувајќи го нашето од оваа опака чума на 21 век да го чуваме и на ближните. Дадено ни е и молитвеното застапништво на свети Климента, дадена ни е и благодатта од Бога за сé ова да го спроведеме во нашите животи.
И ако сé ова го правиме и ако ни најмалку не се сомневаме дека овој подвиг можеме да го спроведеме во нашите животи без разлика на времето и местото во кое што живееме, ве уверувам дека ќе ни биде дадено и место во Царството Небесно десно од престолот на нашиот Бог Света Троица, а рамо до рамо со оној кој ќе нé претставува како свои чеда пред Бога, со свети Климента.
За многу години и за многу заеднички радости да е денов денешен мили мои!
Свети Клименте моли го Христа Бога за нас!
Амин, така да биде!

3.angeli.so.truba

Плаушник денес.
09.08.2020

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на Otec Pimen

Фото: Daniel Mladenovski Golubarac

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1919
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1718
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот...

БEСEДА  за нeизмeрната Христoва љубoв

БEСEДА за нeизмeрната Христoва љубoв

Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

« »