логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 - Се соединуваш ли со Христа?

- Се соединувам.

 3.angeli.so.truba



Така биваме прашани од страна на свештеникот на нашата крштевка и така одговараме и даваме согласност на Бога да влезе во нашите животи и тогаш Христос почнува да делува во нашите животи и да не усмерува по патот кој води кон Спасението и Животот вечен.

Но, откако ќе се соединиме со Христа колку и дали го оставаме светот зад себе?
Бидејќи во мерата во која го оставаме материјалниот свет, во истата толку повеќе и толку побрзо грабиме во духовниот свет.

Како потврда на овие зборови да си споменеме за тропарот на светителот чиј што спомен денес го празнуваме, во чиј храм заедничариме во Телото и Крвта Христови, пред чиј гроб молитвено се поклонуваме и бараме исцеление на нашите болести. Да си споменеме како црковниот поет го возвеличува светиот Наум Чудотворецот Охридски за тоа што кога се соединил со Христа го оставил светот, за тоа што живеејќи по дух телото го распнал за страстите. Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме сите оние што различно мислат од нас, сите оние што можеби го кријат својот подвиг и наместо нив да почнеме телата свои да ги распнуваме преку пост, молитва, покајание, исповед, причестување за да се ослободиме од страстите и по дух да живееме подобно на нашиот светител кој со својот живот ни даде пример на голем аскет, учител, просветител, неимар, молитвеник за својот народ и за целиот свет.

И кој живее така нема да се посрами на Страшниот Христов суд. Кој живее подобно на свети Наума нема да изгесне  неговиот спомен. Затоа што не се става светило под поклопец, нити може да се сокрие светлина на врв планина.

И кој не верува и во ова повторно нека се сети на Охридскиов чудотворец и нека погледне околу себе за да види од кај се не надошле луѓе за да се помолат, за да заблагодарат за услишаните молитви, за да побараат исцеление. Зарем успеваат државните граници и меѓународните мерки на претпазливост да го сопрат верниот народ да поита кон планината на која стои светилото?

А кога веќе ни тие не можат да го задржат верниот народ, пак и пак би замолил љубовта кон светителот да не ја заспие нашата совест, та трчајќи кон гробот за да се помолиме за наше здравје да го загрозиме здравјето на нашите блиски. Чувајте се себеси и ближните преку пропишаните мерки како би нė зачувал и Господ Бог.
Да, верата наша е во семоќниот Бог Света Троица, но напишано е и: Не искушавај го Господа твојот Бог.

И на крај наше е да се трудиме, да го последуваме животот на нашиот светител, а последниот суд е на Бога како ќе не прослави или посрами на земјата и на небесата. Наше е и да се молиме на Бога Света Троица да ги прими нашите молитви и преку молитвеното застапништво на светиот Наум чудотворецот Велик да не избави од искушенијата кога чекориме кон Небесата.

 

 3.angeli.so.truba


За многу години. Свети Науме имај нѐ на ум.

3.angeli.so.truba

 

 преп. Наум Охридски

ман. „Св. Наум Охридски“ Охрид

03.07.2020 год.

 

 Друго:

 
† ПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ

    Објавено: 04 Јули 2020

„Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние кои те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме“ (кондак на Утрена на преп. Наум Охридски).



На 03.07.2020 година, во ман. „Св. Наум Охридски“, торжествено продолжи прославата на Охридскиот светија, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошкко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Пимен се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

 

 

 

 

 

 http://www.dke.org.mk/index.php/3284-2020-07-04-12-47-41

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 822
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »