логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Слово на Архимандритот Партениј за празникот Рождество на Пресвета Богородица

15.jpg

8/21 септември 2015 лето Господово,
храм „Рождество на Пресвета Богородица“, с. Ростуше

Мили мои, слушнавме пред малку  од тропарот на денешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, едни прекрасни зборови: „Раѓањето Твое, Богородице Дево, радост ѝ возвести на целата вселена“. Замислете колку силни зборови се тие! Раѓањето на еден Човек, на една Девојка, да донесе толкава радост што ќе ја исполни целата вселена! Да се радува сè што е создадено само поради едно Раѓање! Но, зошто токму тоа Раѓање да биде причина за таква славна и неискажлива радост? Затоа што денес никна нова „фиданка од коренот Јесеев“, фиданка којашто ќе го израсне и одгледа небесниот Грозд – Христос нашиот Бог, Избавителот и Спасителот на човечкиот род, а со тоа и на целото творение Божјо. Знаеме од учењето на нашата Црква, дека Господ го создаде човекот како круна на целото Свое создание. Погледнете, сиот овој преубав свет, сета оваа чудесна и хармонична вселена, оваа Божествена демиургија како своја круна го има човекот. А највозвишена меѓу сите луѓе беше токму Онаа чиешто Раѓање денес ја радува вселената. Бидејќи во Стариот Завет имаше и многу други праведници, но на секој од нив Господ им дал само делумна благодат, а во Пречистата Дева Марија се смести полнотата на благодатта, Таа ги собра во себе и умножи сите Божји добродетели. И Неа човечкиот род Му ја принесе на Господа како оправдание и дар за помирување со Него. Бидејќи, читаме уште на почетокот од Светото Писмо, Бог го создаде човештвото во лицето на првиот човек Адам и неговата жена Ева и им даде таква слобода да пребиваат во постојано општење со Него. Но, свештената историја покажува дека, за жал, човекот повеќе го возљуби гревот отколку општењето со Бога.

Првиот човек трагично отпадна од Бога заедно со својата жена Ева, и така човечката историја стана мрачна, исполнета само со грев, тага и смрт. Но, среде тој мрак на човештвото се појави еден светлоносен зрак, Пречистата Дева и Богоотроковица Марија, Која излезе од осветената неплодна утроба на прамајката Божја Ана, и со Своето Раѓање ја просвети, освежи и зарадува сета вселена. Зашто Бог Господ толку го возљуби светот што накрај Го испрати Својот единороден Син, Кој стана еден од нас. Замислете каква е таа милост и снисходливост! Бог, Кој има сѐ, Кој ја создал оваа прекрасна вселена, посака да стане човек, и не се згнаси од тоа што човекот навистина многу пати ги надминал сите граници во злото и морал да биде казнет поради тоа. Библијата раскажува како човечкиот род толку многу потонал во беззаконија и најстрашни гревови, што Бог немал избор освен да направи потоп на земјата. Таква судбина ги снајде и градовите Содом и Гомор, кои станаа синоним за порочен и развратен живот. Но, и покрај сето ова, Бог не го остави човекот, туку дојде при него, грешниот, го прегрна и ја зеде неговата природа за да ја обожи. И денешниот свет е сведоштво за Неговата преголема милосрдност и трпеливост кон родот човечки. Гледате колку ужасно место за живеење е светот денес! Насекаде слушаме гласови за војни, цели народи се раселуваат по насилен пат, има голема нееднаквост - екстремно богати и екстремно сиромашни луѓе. И се чини како да нема веќе место за Бога во современото општество, Христос е гонет на Исток и презрен на Запад.

Но Божјата љубов кон нас не се намалува, Бог неизмерно го љуби светот и го покрива со својата благодат. Затоа и се воплоти. Преку Пресвета Богородица, Која беше најчистото суштество родено на земјата, Он си подготви Себеси престол и слезе на земјата.  И затоа денес велиме: „Раѓањето Твое, Богородице Дево, радост ѝ возвести на целата вселена“, зашто од Неа се роди Сонцето на правдата, Христос Кој е Бог и човек и Кој го спаси целото човештво. Земајќи ја на себе нашата падната човечка природа, Он ја освети и повторно ја воспостави во полнота заедницата на човекот со Бога. Нека се радува затоа денес секоја човечка душа поради Раѓањето на Пресвета Богородица, бидејќи без Неа, без Нејзината слободна волја, без Нејзиното ‘да’ и без Нејзиниот труд во добродетелите, во љубовта кон Бога, немаше да случи нашето спасение. Со својот живот Таа ни покажа како да се трудиме да бидеме Божји пријатели, стекнувајќи ги Божјите добродетели. Како да се трудиме во доброто, во љубовта. Сега нам ни е многу полесно. После воплотувањето на Христос и Неговото примање на човечката природа, за нас е веќе лесно да Го примиме Бога во нашите срца и да станеме богови по благодат. Во Стариот Завет тоа беше невозможно. Но, сега ние Христијаните, доколку се трудиме во добродетелите Божји, доколку со целото свое срце Го бараме Бога, доколку од сѐ срце го возљубиме секој човек на овој свет како наш ближен, тогаш Бог ќе се всели во нас и тогаш онаа неискажлива радост што ја има вселената поради Рождеството на Пресвета Богородица и повторно воспоставената заедница меѓу Бога и човекот, ќе стане и наша радост.

А таа радост е голема за Христијанинот, зашто неговата заедница со Бога е вистинска, не е апстрактна како во другите религии, философски системи и учења. Само на Христијаните им се дало Божјото откровение, кое е единствено суштествено, а не е човечка измислица. Христос дојде на земјата за да ни стане пример, да стане урнек за вистински човек. Ако првиот човек Адам беше пример за тоа како не треба, Христос - новиот Адам е пример за тоа какви треба да бидеме: исполнети со љубов, мир, радост, единомислие, меѓусебна пожртвуваност. Христос е вистинскиот одговор за секој човек, Он е единственото решение за мракот и бесмислата во светот. Доколку сакаме да бидеме вистински луѓе и филантропи, човекољупци, тогаш треба да Го избереме Христа. И ако светот Го избере Христа, тогаш сите ќе пребиваат во светлина, бидејќи само Христос рекол: „Јас сум светлината на светот“ (Јн. 8, 12). Замислете си што би се случило доколку го снема материјалното сонце. Едноставно би настапил крај на светот. Така и без Христос Кој е нашето духовно Сонце, светот би потонал во смртоносен духовен мрак. И навистина кога човекот ќе се оддалечи од Христа, Го остави Христа, за него настапува крај уште овде на земјата, а потоа, со неговиот телесен крај, односно смртта - и вечна смрт, бидејќи тој самиот се осудил себеси да биде далеку од Бога и со тоа засекогаш мртов.

11.jpg

Нека Пресвета Богородица, Која е најголемиот Божји дар за човештвото, и секогаш ги слуша нашите молитви и ги принесува на нашиот Спасител Господ Исус Христос, измоли од Него што повеќе луѓе духовно да се пробудат, и да ја дознаат единствената и апсолутна вистина која неповредено се чува во светата, православна, апостолска Црква, а таа  вистина е богооткриената вера во Христа Господа.

Да Ѝ благодариме на Пресвета Богородица што благоизволи да го обновиме овој преубав храм, кој е украс во овој крај и кој така хармонично се слеа во природните убавини што Бог ги дал овде. Да се помолиме да ни даде сили целосно да го завршиме, да го живописаме и најпосле осветиме, а за тоа ќе треба да придонесеме сите. Би сакал сите вие да се ангажирате, да им кажете на благочестивите и дарежливите луѓе дека секој што има желба ќе може да приложи средства за да се направат фрески, така што нивните имиња ќе бидат засекогаш запишани на фреските како приложници и дарители на овој свет и Божествен храм. Откако ја зографисаме, ќе можеме и да ја осветиме за слава Божја и во слава на Мајката Божја. Амин! 

12.jpg

 Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1125
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1248
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1123
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »