логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

  o.tadej4.jpgНие мислиме дека имаме некаква вредност....Ништо не вредиш. Да. Совршенство на христијанскиот живот, така велат Светите Отци, е крајното смирение. Крајното смирение! Таквите се наградени со благодатта Божја. Оној кој е кроток и смирен, тој не се лути. И ако го караш, ти се гневиш, тој те жали што така себеси се мачиш.

      

Кажете ни за крај дали има некој лек за нас болните и паднатите?

 

Уште како. Да слушате. Да се смирите и да слушате. Оној кој е кроток, тој и слуша. Народот што вели: „ Кој слуша, полна гуша“. Оној кој слуша, тој е и смирен. А штом се противиме, веднаш ќе забележиш како непријателот ти го сторнира животот. Не оди, па не оди....

 

Оче, моите се разведени, мајка ми ме воведе во верата...татко ми е против Бога. Кого да слушам?

Па добро, не е твое тоа, дали родителите ти се согласуваат или не се согласуваат, дали се караат, дали се добри или не се добри, за тебе тие мора да бидат светиња. За да ти имаш благослов Божји, за да ти биде добро. Да. Не смееме ниту со мисли да ги вреѓаме родителите. А тие, како се однесуваат со нас, тоа е нивна работа. Има родители кои биле толку драстични, кои ги мачеле своите деца. Така, двајца браќа имале добра мајка, па им велела да го почитуваат татко им (иако тој не бил кон нив како што треба) за да добијат благослов Божји. Сега тие работат во „Л.“ во „П.“, и не даваат никому да каже нешто за нивниот татко. Никој не смее да го вреѓа. Двајцата браќа велат:„ Нашиот татко за нас е светиња“. Тешки денови во животот поминале, таткото немал милост кон нив, но ете гледаш како Бог ги благословил и полни се со живот. Благодарни кон Бога. Бидејќи Господ благоволил преку нашите родители да дојдеме на свет. Какви се тие, тие за тоа ќе одговараат пред Бога, ќе одговараат и за нас. А ние, за нив, нема да одговараме. Ние ќе одговараме за тоа како и дали сме ги почитувале. Духовната состојба на земјата многу е лоша поради тоа што и малите деца до пет години им се противат на родителите. Затоа вака ни оди затоа што никој не ги почитува родителите. На целата планета е иста состојбата...

Оче Тадеј, како да се научиме на послушност и како најбезболно, избегнувајќи ги замките на нашиот сопствен ум, да дојдеме до Христос, ако е тоа некако возможно?

Послушноста се учи уште во родителскиот круг, тука послушноста се покажува. Доколку не сме послушни кон своите родители во својот дом, ние тешко ќе му го посветиме својот живот на Христос. Ние заради непослушноста сме исфрлени од рајот. Послушноста (во нас) влегува кога ќе видиме што, со непослушноста, сме направиле.... Сме го го скратиле векот на нашата земја и на светот  му се заканува катастофа. Целиот свет е така  напнат само поради нашата непослушност. Една непослушност кон родителите, го следи детето низ целиот живот. Во свое време ни самиот не знаев дека не смееме да ги навредуваме родителите ниту со мисли, ниту да бидеме натажени заради своите родители (во мислите). Нашите родители може да бидат и грешни луѓе, можат да бидат и зли родители, разбојници, секакви, но за нас тие мора да бидат светиња, а какви се тие, каков е нивниот карактер, тие за тоа ќе одговараат пред Бога и за нас како за свои деца, а ние за нив нема да одговараме. Тие мора да ни бидат нам светиња, за да би имале благослов Божји, за да не бидеме прекршувачи, бидејќи штом не ги почитуваме родителите, не можеме, до крајот на животот, да имаме животен благослов и правилен пат.

 

Подготви: Сузана Стефановска 

 Друго:

 

 

 

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 220
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 206
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 248
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…