Нека следните години бидат уште поголема радост
и уште подлабоко патување кон духовното.
Зашто „Преминортал“ отсекогаш бил повеќе од збор –
бил мост, бил пријател, бил патоказ.
„Кога зборот станува светлина, патот станува јасен.“
Август 2001 година…
Период на премрежја во Македонија, но и време кога се разгоруваше „зората на духовното будење“ за многумина. Тогаш, во тие немирни денови, во рацете на еден млад боготражител пристигна радоста на првото печатено издание на списанието за духовни вредности „Премин“.
На насловната страница, еден повик:
„Затворено ти е срцето? Преиспитај се.“
Прост, но силен збор што отвори пат за едно ново патување.
Во тие први чекори имаше многу непознато, но и силна желба да се гради место каде што зборот, мислата и љубовта ќе бидат светлина за многумина. Секој предизвик беше лекција, секоја тагa – можност за продлабочување, а секоја надеж – ново раѓање на сила и инспирација.
Откровение… предизвик… тага, но и надеж!
Така започна мојата приказна со Преминпортал пред дваесет години – како мало семе засадено во плодна почва на верата и духовните вредности.
Во изминатите две децении, оваа веб-страница стана дом за сите што бараат духовен патоказ, извор на утеха и поттик за оние што веруваат во моќта на добрината. Заедно го испишувавме ова патување – со зборови што лечат, мисли што будат, и вредности што остануваат засекогаш.
Денес, по 20 години, со благодарност погледнуваме наназад кон патот изоден, но уште повеќе со надеж напред кон патот што нè чека. Затоа што духовните вредности не застануваат – тие се река што постојано тече, светлина што постојано гори и љубов што никогаш не згаснува.
Нека овие 20 години бидат потсетник дека секое откровение, секој предизвик, секоја тагa и секоја надеж се дел од големата мозаична слика што ја градиме заедно.
Септември 2025 година…
По 25 години дружба со „Премин“ и 20 години заедничко сајбер патување со „Преминпортал“, чувствувам само благодарност. Благодарност за довербата, за секоја соработка, за секој преведен текст кој можеби за некого бил светлина во темнина, надеж во безнадежност, утеха во тишината.
И денес, дваесет години подоцна, оваа приказна продолжува. „Преминпортал“ не е само портал, тој е живо сведоштво дека духовните вредности можат да го преживеат секој предизвик и да го преобразат времето во кое живееме. Тоа е сведоштво дека љубовта, светлината и надежта секогаш имаат свој збор, и дека тој збор никогаш не згаснува.
Нека следните години бидат уште поголема радост и уште подлабоко патување кон духовното. Зашто „Преминортал“ отсекогаш бил повеќе од збор – бил мост, бил пријател, бил патоказ.
Симеон Стефковски
pp
21.09.2025