ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА


Шест раскази за тоа како подвижниците Ја почитуваа


Божјата Мајка
Денес на денот на одбележувањето на празникот Раѓањето на Пресвета Богородица, опитот на синовски однос на благочестивите подвижници кон Божјата Мајка, го споделуваат нивните чеда, роднини и ученици.


„Молете се на Богородица, прашувајте Ја со едноставност’’


Игуманија Екатерина (Чајникова), претпоставена во Крсто – Воздвиженскиот Ерусалимски женски манастир, - за схиигумен Сава (Остапенко):
– Мојот духовник схиигумен Сава (Остапенко), подвизувајќи се на крајот на животот во Псково – Печерскиот манастир, секогаш им заповедуваше на своите чеда, секој ден да го кажуваат Богородичното правило, обавезно со тропарите. „Кој Ја почитува Божјата Мајка, за него Таа ќе биде застапничка на Страшниот суд’’, -ни велеше.
Во самиот него имаше некаква огнена, како кај преподобниот Серафим Саровски, љубов кон Пресвета Богородица. На сите Богородични празници, на споменот на Нејзините основни икони секогаш нé благословуваше да се причестиме. „Казанската е строга! Погледнете! Причестувајте се! Мајката Божија со ништо не Ја огорчувајте!’’-ги помнам неговите упатства.

Схиигумен Сава (Остапенко)


Уште отец Сава, многу ги вреднуваше акатистите. Потоа, по отец Сава, неговата желба за акатистите ја наследи неговото чедо Архимандрит Артип (Михајлов), за кој што толку прекрасни зборови се напишани во книгата на сегашниот Владика Тихон (Шевкунов) „Несветите свети’’.
Хвалителните пеења, благодарение на Господа и на Пресвета Богородица, отец Сава многу ги љубеше.
Нам, на сите негови чеда, исто така ни остана таква наследна исклучителна почит за Пресвета Богородица. Јас исто така на своите сестри постојано им велам: „Сестри! Да испееме ако може хвалителна песна на Богородица, да појдеме со иконата на Пресветата на крстна поворка, и да ја кажеме “Богородице Дево, радувај се!’’ Тогаш Самата Мајка Божија ќе нé закрили’’.
Јас самиот имам развиено некаков многу едноставен, близок однос со Богородица. Се случува, одам до иконата: „Мајко Божја, Ти си толку убава!.. – се заљубуваш. – Па, помогни ни, Те молам!’’
Или: „Богородице, ние Тебе толку Те љубиме! Ти си наша Застапничка, Посредничка! Помогни ни!“
Или приоѓаш и како на права мајка, што всушност и Е, И’ изјавуваш: тоа- тоа и тоа- тоа не ми успева, како да биде?...
„Богородице, и‘ се налутив на таква и таква сестра... – признаваш и по втор пат. – Како сега да излезам од сето ова?’’
Потоа, и прашуваш и се советуваш: „Богородице, јас сакам тоа и тоа. Не знам, дали е тоа волја Божја?’’ – и наскоро вака или онака ќе добиеш одговор.
Ете такво е тоа човеково, без формализам комуницирање. Континуиран дијалог. Мајка ми исто така со Господ и Богородица комуницираше. – како да Тие сега и овде се наоѓаат кај нас дома. Таа ќе пријде понекогаш кон иконата на Спасителот: „Оче! Кај мене дојде еден човек, побара помош, но јас нему како да му помогнам? Ти Самиот нему помогни му, Те молам’’.
Ова се тие, јас би кажала, едноставни односи, а Богородица помага! Господ е близу, Тој нас нé слуша.


„Со молитвен опит се исцелуваат нашите души’’

Јуриј Владимирович Гумениј, директор на фабриката за електрични производи,- за Старец Илија (Ноздрин):
- Помнам, Борис Корчевников го праша отец Илија за девојчето. Неа и’ беше дијагностициран рак. Веќе ја лечеа во Германија, ја оперираа, зедоа примерок од матични клетки, спроведоа хемотерапија... Но поволна промена не беше забележана. Германските доктори решија уште еднаш да се обидат, засадија матични клетки од таткото, се консултираа со американските колеги, а овие им одговараат: „Безнадежно. Еден – два проценти од пациентите преживуваат...’’
И еве родителите на тоа девојче се јавуваат: велат, да стигнеме до отец Илија – за нас е „последна надеж’’... А отецот тогаш беше на пат, него едноставно не можеа да го најдат. Но, чувствувам дека тие имаа неотстапна молба. „Ние сепак полетуваме!...’’-
ставени се пред свршен чин. Ете тие од Германија со самото девојче ќе заминуваат. „Како ќе ја подреди Бог’’,- само тоа им реков. А што уште да им одговорам?
И еве тие, гледам, подзаминуваат, а отецот одеднаш од некаде се појави!
Помнам, стојам: Архимандрид Илија, мајката, самото тоа девојче и јас. Мајката кон отецот, кратко образложувајќи ги околностите: „Ќе ни направат ли уште една операција?’’
„Знаете што?!! – одеднаш проговори Старецот, кој дотогаш стоеше молчејќи, поклонувајќи се и очигледно молејќи се. – Ништо не правете! Ништо. Молете се на Богородица! Таа е токму овде!’’ – и се заврте така што се обрати со сето свое битие кон Богородица, Која стоеше помеѓу мајката на девојчето и мене...
Во мене едноставно душата се преврте! Јас многу јасно го почувствував присуството на Богороица. Не се опишува во каков трепет и радост одеднаш се потопува твојата душа.
„Молете И’ се!’’ – веќе со крајот на увото слушам како отецот повторува...
Тие го послушаа старецот, започна подобрување. Неодамна повторно се јавија. Девојчето не се исцели целосно, но тоа беше самата „поволна промена’’, која не ја даде никакво најскапо лечење.
Главното е дека тоа е опит на молитва. Отецот ги започна од себе нивните срдечни тежнеења како „последна надеж’’ – Не надевајте се на кнезевите, на синовите човечки (Псалм 145: 3)... – кон Самата Владичица на Небото и Земјата. А со опитот на молитва всушност се исцелуваат нашите души, тоа е најважно.


Продолжува...

 

Подготви: Снежана Корнет

19-ти септември 2018 лето Господово

Друго:

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all