Chudo.sv.Martin.jpg

На 27 април 2012 година, на празникот на свети Мартин Исповедник, папа Римски и светиот маченик Ардалион Глумец во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На самиот нејзин почеток, додека  свешетикот принесуваше молитви кон Бог, се случи видлива промена на фреската на ангелот кој се наоѓа во непосредна близина на св.вм. Димитриј. Ангелот го  облеа силна бела светлина, која објективот на апаратот достојно на настанот не ја забележа, но сепак промената, на еден блед начин, да. Доминираше плавата боја, со бледо присуство на црвената, а ангелот изгледаше како сега Фрескописецот да го поставува на зидот..А кога заврши причетувањето и крајот на Божествената Литургија, навраќајќи се повторно кон фреката на ангелот, се беше исто како и порано: се врати црвената боја и првобитниот изглед на целата фреска. Во олтарот настана друга величенствена појава, се осветли фреската на св.Јован Златоуст, во силна златна боја. Торжествена е Литургијата. Можеби многумина од нас, несвесни , забораваме дека пред Него стоиме. и се однесуваме  лефтерно..невнимателно..расеано..едноставно не чувствуваме  дека стоиме  пред Него, Царот.  Можеби ова денешна пројава низ фреската на ангелот, материјално ни покажува што всушост се случува за време, на Боженствената Литургија.. И тоа се случи само додека таа траеше...

“Ние кои херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна и пееме, секоја животна грижа сега да ја оставиме “

Chudo.sv.Martin.jpg

 sv.Dimitrij.2012.freska4.jpg sv.Dimitrij.2012.freska3.jpg

 

Се вратија, пак, седумдесеттемина со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат“. А Он им рече: „Го видов сатаната дека падна од небото како молња! Еве, ви давам власт да настапувате на змии и шкорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; но не радувајте се на тоа дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се што се имињата ваши напишани на Небесата“ (Лука 10, 17-20).

 Chudo.sv.Martin.jpg Chudo.sv.Martin.jpg

Преминпортал (к.т.)

 Повеќе:

http://preminportal.com.mk/content/view/9962/136/

Друго:

По повод: „Чудото во Свети Димитрија не е чудо, туку влага!“