Markov.freska1.jpg

 Величествен си, Владико Христе, во многуте чудеса кои ги направи. Зашто Ти со збор им даде светлина на слепите, ги отвори ушите на глувите и повикувајќи го пријателот Свој Лазар, како Бог, Ти го подигна од мртвите. 
Големо повечерие, Лазарева сабота

 Поуки од светите отци: Твојот ближен згрешил против тебе и те ожалостил. Препушти Му го тоа на Бога, а Он се ќе уреди многу подобро отколку ти што можеш да посакаш.
Свети Јован Златоуст

Молитва:
 Премини го прагот на мојот живот, Боже и истерај го злото кое во мене се крие, очисти ме, за и јас да воскреснам во славното Царство Твое! Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 49, 6-10
 Битие 31, 3-16
 Соломонови Изреки 21, 3-21
 
  Созерцание: Да ја пазиш правдата и правосудието Му е поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите.
Соломонови Изреки 21, 3

Подготви: А.Л.