и да се разговара со нив за заповедите
01 октомври 2014 лето Господово

Психолозите гледаат голем воспитувачки потенцијал во Библијата и христијанските заповеди.

„Ако тоа би било семејно чтение, какво што веќе има во семејствата, но малку, колку што е потребно... Да се прочита Библијата: тоа секогаш ке биде откривање, за неа може да се размислува, за неа може да се зборува навечер“, изјави детскиот семеен психолог Лариса Захарова во програмата „Вечност и време“, на телевизискиот канал „Спас“.

Таа исто така раскажа дека, според практиката, семејствата коишто го посетуваат храмот, подготвени се повеќе да работат на себе, да ги решат проблемите во семејните односи.

Во своето обраќање кон педагогот, арт-терапевтот Татјана Шишова рече дека Црквата е чуварка на правилата и заповедите Божји. Таа напомна за распространетоста на книгата од отец Јован Крестјанкин „За исповедта“, во која подробно се зборува за гревовите.

„Кога тој зборува за заповедта ’Не убивај‘, тој вели дека, кога се лутиме, ние пројавуваме агресија, а тоа влегува во оваа заповед. Станува збор за прашањето, дали да им се дозволи на децата да го покажат својот гнев и да удрат некого“, изјави психологот.

Таа констатираше дека, пројавувањето на девијантното однесување кај малолетниците сега е сѐ почесто, „бидејќи нормите, вредностите се уништуваат, децата уште многу рано се дезориентирани“. Т Шишова раскажа, дека неколку години наназад се издаваше весник на руски јазик, во којшто се наведуваа „рецепти, како да се биде груб кон постарата генерација, да се исмеваат пензионерите, ако некој пензионер се обиде да побара да му отстапите место, како да се донесат учителите“.

Таа напомна и за проблемите поврзани со компјутерските игри, истакнувајќи дека ентузијазмот кај децата води до фактот што тие почнуваат да ги подражаваат виртуелните херои, „кои многу често се однесуваат деструктивно, девијантно“. Како што напомна психологот, компјутерските игри биле создадени како симулатори и имаат влијание врз децата „дури и поголемо од филмовите или цртаните филмови“.

Извор: Интерфакс-религија.ру

Преземено од: Бигорски манастир