(Чиста)
monahinja.crkva.jpgНедела на Православието

 На пречистиот Твој Образ се поклонуваме, Благи, просејќи простување на прегрешенијата наши, Христе Боже наш, зашто Си благоволил со телото да се искачиш на Крстот, за да ги избавиш созданијата Твои од ропството на ѓаволот. Затоа, благодарствено Ти воскликнуваме: со радост сè Си исполнил, Спасителу наш, доаѓајќи да го спасиш светот.
 

Тропар на Неделата на Православието

 Ден на радост и веселба ни е денес! Зашто догмата на вистинската Вера сјае во целосна слава и Црквата Христова блеска од убавина, украсена со светите икони, кои сега се вратени, а Бог ни подари едномислие меѓу верните.
 

Утрена, Недела на Православието 

Молитва:
Дај ни, Господи, истрајност во исповедањето на Вистината,  која е во Христа: за преку Него да дојде спасение на светот. Помогни ни, води нè и укрепи нè, та и ние секој ден од својот живот да стануваме »икони« на Патот, Вистината и Животот. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 11, 24-26; 11, 32-40
Свето Евангелие по Јован 1, 44-52

  Созерцание: ...Кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија уста на лавови; угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
Послание до Евреите 11, 3 3-34

 

Посети: {moshits}