Место: Џебно кино, Младински културен центар, Скопје
Дата: 30 март 2017 год.
Време: 19 – 23 ч.
Уметници: Игор Грубиќ (Загреб), Ивана Драгшиќ (Скопје), Филип Јовановски (Скопје), Здружение КУРС (Белград)
Кураторка: Ивана Васева (Скопје)
*Поради изведбениот карактер на делата, настанот почнува на време!Распоред на прикажување на делата:
19:00ч./ перформанс – есеј „Предлог за споменик на комунистичката курва“/ Филип Јовановски
20:00ч./ перформанс на импресии „Сребрени соништа“/ Ивана Драгшиќ
21:10ч./ промоција на книга „Предавања за одбраната: прилози за анализа на културната дејност на Народноослободителното движење“/ Здружение КУРС (Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ)
21:45ч./ проекција на филмот „Споменик“/ Игор Грубиќ„Во Преепанско сонце зајде
И мрак темен покров фрли,
a од мракот шум се дига
смрт лоша уста зина.„
(Спевал Васил Богоевски, с. Долно Дупени, Преспанско во „Од борбата народни песни“, Собирал и редактирал Блаже Конески, Државно книгоиздавателство на Македонија, 1947)                                      Јас сакам да станам поет-динамит,
поет на борбата
                       со рафал во душата,
устремен напред
                        кон утрешниот ден,
со душа прекалена во тешки борби
во кои само љубовта кон робот татни.
(Поет, Ацо Караманов)