(обновено)

 

Почаевска икона на Богородица

Почаевско чудо
На нашата веб- страница е објавена кратка бографија на старец протоереј Василиј Федосеевич Швец. Отецот беше учесник во Финската и Големата Патриотска војна, остави интересни спомени од воените години, раскажуваше многу чудесни истории поврзани со војната во разговорите со духовните чеда.
Сите овие сведоштва треба да влезат во книгата на старецот, за која Митрополитот Симбирски и Новоспаски Прокл ме благослови да го направам. Во споменот на деновите на Големата Победа на нашиот народ им го претставуваме на читателите еден од „воените’’ раскази на отецот. Тоа е историја на слугинката Божја Матрона со која отецот се запозна во Почаев.

 
Протоереј Василиј Федосеевич Швец

Почаевска Лавра- едно од омилените свети места на отец Василиј. Тој многу пати беше во Лавра, ги знаеше нејзините подвижници, беше сведок на чудата од Почаевската икона на Богородица. Во своите разговори и проповеди отецот често даваше осврт на споменот за своите посети на Почаев и настаните поврзани со нив...
Во време на една посета на манастирот во 50-тите години, отецот стана сведок на големо чудо на исцеление на една болна жена. Отецот разговараше со исцелената која му се исповеда за себе. Го прикажуваме прераскажаното на отец Василиј за историјата на нејзиниот живот.

***
 
Почаевска Лавра Свето Успение

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Потоа таа ми раскажуваше подетално за својот живот. Мислам дека нејзиниот живот е многу поучен и полезен за многу луѓе во нашите дни. Таа веќе замина кај Господа и се разбира пребива во Царството Небесно. Затоа може да се раскажува за неа за духовна полза.

Родена е во Украина и уште од детството е откриен кај неа чудесен глас. Воопшто во Украина има многу девојки со надарен глас, но таа имаше  природно посебен, извонреден глас. Таа стана медицинска сестра и работеше во болница. Кога започна револуцијата и граѓанската војна, ја мобилизираа во Црвената Армија и на фронт  таа беше милосрдна сестра. Нејзините борци многу ја сакаа заради веселиот карактер, за жалоста кон ранетите.
Многу ранети таа ги повлече од одбојното поле, на многумина им го спаси животот.

 
Орден на военото црвено знаме

Еднаш дојде кај нив К.Е. Ворошлов и започна да открива кој е достоен за високата борбена награда- орден на Воено Црвено Знаме. Тогаш тој само што беше основан. Сите командири
и борци едногласно ја именуваа најдостојна за награда помеѓу нив е медицинската сестра Јаша. Нејзините родители и’ го дадоа полското име Јадвига, но таа беше крстена во православен храм со друго име. Ворошилов и’ го предаде орденот, така што таа стана прва жена во Советскиот Сојуз, удостоена со таква награда. На фронтовите на граѓанската војна таа го сретна и својот иден сопруг- воен лекар.


После војната таа го заврши медицинскиот институт и стана дипломиран лекар. Работеше  според специјалноста, но не го забораваше и дарот свој- гласот. Често настапуваше на концерти, со класичен репертоар, пееше исто така романси и народни песни. Во семејството се роди ќерката која го наследи мајчиниот глас и после училиштето влезе во Московскиот конзерваториум по вокал. Живееја во семејство дружељубиво и среќно. Во детството таа одеше во црква, се причестуваше, но потоа стана убедена атеистка, се подсмеваше на верата и  се изненадуваше како е можно да се биде толку мрачен и да се верува во некој Бог.

 
Постер од 1940-тите.

Пролетта 1941 година беше годишнината на нејзината медицинска работа и според таа прилика решија да организираат прослава. Само што пристигна ќерката од Москва и тие подготвија концерт во дует. Низ целиот град постираа постери со нивни фотографии и најава дека ќе се одржи концерт во чест на годишнината и таа ќе настапи со ќерката. Сета елита од градот се собира на тој концерт. После концертот беше планирано  да се организира банкет. Концертот требаше да се одржи на Велики Петок во Страсната Седмица. И еве на два дена до концертот застана на работ на една камена издигнатина со постерот за настап. Пријде постара жена, се загледа в неа и ја праша:
- Тоа е твоја фотографија на постерот?
- Моја и на мојата ќерка,- со гордост одговори Јадвига.
- А знаеш ли дека задутре, во денот на концертот е Страсен Петок и доаѓа Страсната Седмица, велики денови.
- Па што, сé се тоа глупости. Кај нас велики денови се кога има многу пари.
Тогаш старицата се прекрсти и рече тажно:
- Голема неволја ќе претрпиш, сети се на моите зборови.
Господ и’ испрати тогаш човек за вразумување, но таа само се насмеа и дома како шега им раскажуваше на свите блиски за тој разговор.

 
Храм

Но, таа ноќ таа имаше неверојатен сон. Самиот Христос и’ се појави во сон и рече:
- Јас ти ја испратив старицата, но ти не ме послуша Мене. Ако не се вразумиш тогаш голем крст ќе понесеш, големи неволји те чекаат. И еве ти знак за потврда на вистинитоста на тоа што ти е кажано – на 22 јуни ќе започне војна. Уште ти порачувам да одиш кај свештеникот во вашиот градски храм и пренеси му го тоа што ти го кажувам. Сега таму завршува обновата. Кажи му на управителот дека храмот нема да биде осветен. Човекот кој раководеше со работата, изговори страшни, хулни зборови; затоа во храмот не можат да се извршуваат богослужби: Него ќе го затворат, а на тоа место ќе има фабрика.
Се разбуди таа утрото, некако растревожено, сонот не излегуваше од глава. Раскажа на домашните, тие се смееја; се смееше и таа со нив, какви ли, велат, само глупости не се сонуваат. Но, нешто и’ остана во срцето, така што Јадвига не можеше да ги послуша упатствата и реши: Ќе му го пренесам својот сонот на свештеникот, нека самиот помисли.

Го побара укажаниот храм- навистина тој беше во шумата. Побара да го повикаат свештеникот и тој дојде. Таа му раскажа за својот сон. Свештеникот ја сослуша, но дознавајќи дека раскажувачката е неверник, само рече:
- Јас мислев дека вие сте умна жена.
Јадвига се смири, затоа што ја исполни заповедта и реакцијата на свештеникот и’ потврди дека тоа е сé глупост.

Следниот ден се одржа концертот; успехот беше целосен- аплаузи, цвеќиња. После концертот организираа банкет, сите пиеја, се веселеа, почнаа да кажуваат анегдоти. Тука настапи и Јадвига:
- Сакате ли наместо анегдота да ви раскажам свој сон?
- Се разбира,- едногласно извикуваа седнатите околу маса.
И таа раскажуваше за 22 јуни, за црквата. Сите се смееја, аплаудираа и ја прифатија таа историја „највесела’’. Потоа дискутираа: со кого да се војува? Со Германија само што е склучен пакт за ненапаѓање. Се пошегуваа, дека јапонците ги поразивме, англичаните исто така, така што да се војува нема со кого.

 
Војна

После два месеца (концертот беше во април) избувна војна. Тогаш таа заборави на тој сон. Неа заедно со сопругот ја повикаа во армија, тие беа раководители на болница и целата војна ја поминаа без да се видат еден со друг. Јадвија беше унапредена во мајор на медицинска служба, а сопругот стана полковник. Се сретнаа тие после Победата во Австрија. Добија дозвола да изнесат многу вредни работи од трофејниот имот. Тие собраа мебел, прибор, зедоа пијано, добија цел вагон и ја однесоа сета оваа добивка во родниот град. По пристигнувањето дома го опремија станот и мислеа дека сега навистина ќе заживеат.

 
Работници на НКВР (Народен комесаријат за внатрешни работи на СССР)


Но, сé се случи поинаку. Неколку дена подоцна Јадвига доби покана од НКВР. Отиде со недоумица:  за што се работи, најпосле целата војна помина, толку животи спаси, имаше орден и други борбени награди. Кога пристигна до назначениот кабинет, и’ зададоа прашање:
- Вие се сеќавате на банкетот по повод годишнината?
- Се сеќавам.
- Тогаш одговорете, откаде дознавте дека војната ќе започне на 22 јуни? Многумина ни посведочија дека вие сте го кажале овој рок.

Раскажуваше таа на истражувачот  за својот сон, дека тоа сé e шега, не знае како се случило. Секако тој не веруваше, продолжи да бара, за да таа каже од кого ја дознала датата за почетокот на војната, со кого била поврзана и така натаму и слично.
- Значи, кој ви соопшти за датата за почетокот на војната?- повторно и повторно прашуваше истражувачот.
- Мене во сон Спасителот ми кажа,- одговори Јадвига.
- Ах, Спасител! Тогаш потпишете записник за сослушување!

Јадвига мислеше дека на тоа сé ќе се заврши. Какво беше нејзиното изненадување, кога на судот јавниот обвинител ги опиша нејзините подвизи како херој на Граѓанската и Великата Патриотска војна, наградена со толку државни награди, одеднаш го заврши својот говор со овие зборови:
- Но, ние ја изгубивме будноста, оваа заслужена жена се покажа странски шпион, затоа таа се лишува од сите награди и ние бараме таа да биде затворена во логорот 25 години.
Тоа беше шок, никаква надеж немаше  дека од тука ќе излезе жива. За неа тоа беше целосна пропаст на животот. Невозможно е да се пренесе целата навреда што ја искуси: претрпи толку маки и лишувања, ги даваше сите сили за спасување на ранетите и болните војници од првиот до последниот ден на војната- и еве ја осудија невина.  Простувајќи се со својот сопруг, таа му кажа дека е слободен и може да се ожени со друга жена. Но најжесток удар за неа беше однесувањето на нејзината ќерка, која ја напушти мајка и‘ заради својата уметничка кариера и иднина.

Кога Јадвига ја одведоа стражарите и ја доведоа со работите во автомобил за да ја приведат во затвор, нешто се случи со неа, некаква сила ја свитка и Јадвига падна на колена. Од тој момент до самото исцелување во Почаев нозете и’ беа свиткаи и не можеа да се исправат. Тоа ништо не смени, неа ја однесоа во логор каде што таа помина 11 години. Во тие години таа му се обраќаше на Бог, се молеше, бараше да и‘ прости, многу осозна во животот.

 
Логор на НКВР

Во логор Јадвига се занимаваше со ракотворби: везеше, кроеше, шиеше. После смртта на Сталин започна да се разгледуваат случаеви. Многумина ги отпуштија од логорот, но кај Јадвига имаше безнадежен натпис  со кој не може да излезе до крајниот рок. И продолжуваше со солзи да Му се моли на Господа и на Мајката Божја за простување и ослободување. И тогаш по втор пат во животот и’ се јави во сон Спасителот, кажувајќи:
- Напиши му барање на оној кој те награди и ќе бидеш ослободена. А кога ќе излезеш оди на своите нозе до Ерусалим и тие ќе се исправат.
Јадвига му напиша писмо на Ворошилов (тој и’ ја предаде првата награда), кој тогаш беше претседател на Президиумот на Врховниот Совет на државата. Писмото стигна на адресата и наскоро дојде најава за нејзино ослободување, враќање на сите претходни награди и рехабилитација.

 
Троицки храм на Почаевска Лавра


Излегувајќи од логорот, Јадвига се сретна со нејзиниот маж- тој за ова време беше женет со друга жена, затоа место за неа во домот немаше. Сопругот ја праша:
- Зошто ти не си ги ампутирала нозете, тогаш би можела да одиш на патерици или со протези?
Но, Јадвига веќе знаеше поинаков пат и затоа одговори:
- Кој одзема, Тој и ќе даде исцелување.
Но каде сега таа да оди? Дома патот и’ е затворен. Тогаш таа почна да талка по манастирите и храмовите по цела Русија. Се најдоа добри луѓе, ја возеа во инвалидска количка, се грижеа за неа, и‘ даваа милостина. Патуваше Јадвига скоро на сите достапни за посетување свети места во Русија, сите манастири на нашата земја; насекаде таа веќе беше позната и прифатена, се молеа и бараа исцелување.

 
Почаевска Лавра

И еднаш пристигна таа во Киев на торжеството на пренесувањето на моштите на великомаченичката Варвара во Владимирскиот храм. Таа не можеше да се поклони на моштите и само со солзи го гледаше торжеството. И одеднаш дојде кај неа слабичок старец без раце и рече:
- Матрона, тебе те чека голема радост во Почаев.
Таа беше крстена со тоа име, но никој дури ни од најблиските не го знаеше тоа. Оној кој дојде кај неа беше прекрасниот старец епископ Николај. Него му ги отсекоа рацете во занданите на НКВР, за тој да не може да служи. Тогаш нему му беше веќе повеќе од сто години. Тој беше прозорлив и голем угодник Божји.

2 август 1957 година Матрона тргна во Почаев  за да се појави на денот на споменот на Почаевската икона на Богородица- главен празник на манастирот (5 август). Автобусите од Киев беа преполнети, така што невозможно беше да се влезе; но неа добрите луѓе и‘ направија место со количката зашто беше инвалид.
Кога на денот на празникот народот се поклонуваше кон иконата, Матрона сакаше да отползи до неа, но одвај не ја смачкаа;  за среќа некој ја извади од смачкување.
Цела ноќ ја проведе во храмот  и кога требаше да ја спуштат на ленти Почаевската икона, за да и’ се поклонат и да ја поцелуваат  архиереите, свештениците и монасите што служат, Матрона измоли:
Мајко Божја, заминаа луѓето да ме подигнат кон иконата.
Во тоа време некој викна:
- Светлина во олтарот!

 
Почаевска икона на Богордица


Во храмот започна бучава и возбуда. Браќата на Лавра знаеја дека таква светлина е знак за некаков чудесен настан. Така се случува кога се извршуваат чудесни исцеленија од Почаевската икона. Од олтарот излегоа служителите, за да видат што се случува со иконата.
Здогледувајќи ја болната, тие дојдоа кај неа, ја подигнаа под раце и ја понесоа кон чудотворната икона. Матрона се поклони кон неа и се помоли со овие зборови:
- Мајко Божја, дај ми да застанам на свои нозе,- и нејзините нозе се исправи ја со крцкање. Парализата помина и Матрона повторно ја бакнуваше чудотворната икона.

 
Фреска Појавување на Богородица на Почаевска Гора. Почаевска Лавра

Јас самиот бев сведок на ова големо чудо, а покрај иконата во тој момент стоеше преподобниот Кукша, кој имаше послушание да стои покрај иконата додека кон неа се поклонуваа браќата и поклониците.
Уште до исцелението Матрона даде завет: ако стане на нозе, никогаш нема да патува со транспортно возило, туку само пешки ќе оди по свети места. Таа го исполни своето ветување до самиот крај на својот живот, сеќавајќи се на зборовите на Самиот Господ  кога и’ се обрати- „оди со своите нозе во Ерусалим’’, односно кај светиите на нашата земја.

Потоа јас многу пати патував во Почаев, сепак Матрона таму не ја сретнував. Но, еднаш архимандрит Силвестер рече:


- Отец Василиј, твоја Матрона замина кај Господа...

 
Протоереј Василиј Швец


Извор: http://www.diveevo.ru/2/0/1/5086/

 

Подготви: Снежана Корнет

16-ти август 2017 лето Господово

Извор: http://preminportal.com.mk/paraleli

Друго: