20/06/2021

 

Д У Х О Т


                                              триесет и петта мисла

 

Пред мене ластовички не гледам,

очи се плашам без сонце да отворам,

скитник сум кој полна месечина

не сака да замени за ѕвезда невидлива.



Стара мерка на река понорница,

во длабочини ме поведе,

од светот истурка,

каде само глас се слуша

и срцебиење,

кое спас има само во молитва.



Духу, чие име душава го познава,

Вистино која светлина во ум ни дошепнува,

поведи ме и во крајна темнина

и таму да видам дела на милоста.



Знам, Ти Кој од небеса

спушташ до земја рака огнена,

од понор возведуваш во висина

со река безводна, но огнена, шумовита,

која утроба земјина распарува

и земја обликува по Твоја волја.



Затоа, Духу Кој од мртвило

кон светлина возведуваш,

непрестано благодарам добиваш,

од оној кој за учител безвремен те признава

и на рака твоја срце и душа остава.



Духу на вистината ...


Од поезијата на сестринството на Слепченскиот Манастир Свети Јован Претеча

 

Извор:

 https://www.manastirslepche.mk/novost/d-u-h-o-t/

 

 

Друго:

 

 

3ти мај  2021 лето Господово

ПП