3.angeli.so.truba

УТРО
13/01/2021
 
                       На света Меланија

Се роди во окото твое
Младенец на Кого се радуваме,
ја исполни душата твоја
радоста на Богородителката.

Ти пак света невесто Христова
срце, срце неуморно
за Него катаден припремаше
подвиг на подвиг незапирливо
во минливиот живот принесуваше.

Радувај се крину небесен
радувај се утро во око затворено
кое солзи од неовоземен
денес принесува за загубеното.

Мисла твоја се откорна
Елеј на нас како молитва
Лице ти има небесна свежина
Алова е љубовта ти подарена
Никого не остави без утеха
Изгоре тагата при човека
Јасно утро ја осветли душата
Ах, Меланио, за секој кој те чествува.

Смири ме, смири го срцево,
кое со радост се преполнило
од твоето пред Него застапништво
од убост на допир благодатен
сега и секогаш во утро - нов ден.

                                      
                                      Сестринството на манастирот

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/utro/