Скопје,н.Горно Нерези, 9-ти август 2018 г. - манастирска црква на св.вмч. Пантелејмон

На 9-ти август 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

 

 

Во десетата недела по Педесетница  кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославуваше споменот на Св. Климент Охридски; св. Седмочисленици; св. вмч. Пантелејмон, презвитер Бобан Митевскиво сослужение на ѓаконот Александар Димитријов и ипоѓаконот Дејан Страчковски, отслужи Божествена Литургија, на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Отец Бобан во текот на Литургијата произнесе празнична беседа.

 

Презвитер Бобан Митевски: Беседа во манастирот на св.вмч. Пантелејмон (09.08.2018)

(извадок)

„ Добриот пастир е оној кој што душата своја си ја полага за овците свои“. И Христос не не остава само со тоа познанието што е добриот пастир, туку воедно ни говори и за  лошиот пастир.За оној кој што не му е гајле за овците свои, за оној кој всушност бега кога ќе дојдат неприликите и искушенијата,за оној кој што ги остава пред неволите и искушенијата кои ги притискаат оние кои што му се нему доверени.

+++

Ако народот е оддалечен од Бога, од покајанието , од недоволната молитвеност, од недоволното литургиско познание на нашата вера,а верата наша е сосредоточена најмногу во Литургијата, тогаш неможат да се изнедрат добри пастири.

+++

Затоа што денес  искушенијата или злото толку се населило меѓу нас, што толку е иновативно, го гледаме на секој чекор.Тргнеме ли од дома, по улиците, на рекламите, на билбордите, на зборовите на луѓето затоа што сме го изгубиле благочестието, во однесувањето на сите нас,затоа што дури сме ја изгубиле и скромноста во облекувањето итн. Значи искушенијата се сегде присутни.

И затоа светите отци рекле така, дека сведоштвото на современите христијани ќе биде поголемо и ќе биде потешко да се даде од сведоштвото на мачениците за верата....

+++

Исповедништвото не престанало никогаш за христијаните и сите ние треба да бидеме исповедници на верата, а кога ќе бидеме исповедници на верата, неминовно ќе бидеме и маченици за верата.Затоа што оној кој ја исповеда верата, оној кој што ја живее верата, оној кој што се труди, е тогаш оној кој што е наш најголем непријател нема да го остави туку ќе го искушува било преку страстите, било преку другите луѓе, и затоа сведоштвото тогаш ќе се јави заедно со исповедништвото на верата.

[youtube height="450" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=ElnoJbomKew[/youtube]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

„Што се маките и страдањата во овој свет во споредба на страдањата на мачениците за верата...Тогаш ќе видиме колку не треба да роптаме, колку не треба да говориме против страдањата што ни се допуштаат за нашето воздигнување,утврдување и нашето спасение.“

о.Бобан Митевски: Беседа (09.08.2017)