ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
Епископ Христов
Вукол Смирненски
6 февруари / 19 февруари

3.angeli.so.truba

Пастиру Христов Вуколе свети,
од ученикот на љубовта,
богословот преку кого Духот глаголаше,
ти епископски жезол прими,
мракот на незнаењето го осветли
и вселената со вистината ја разбранува,
моли се утехо на овците словесни
од тежината на гревот да бидеме ослободени
по твоите свети молитви.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов исповедник
Фотиј Велики
патријарх Цариградски
6 февруари / 19 февруари

3.angeli.so.truba

Светлината од Светлина те поведе и нахрани,
Духот Кој од Отца исходи те просвети
и бодреше на сите патишта твои,
о Фотие пастиру Божји,
Господ преку тебе ја утврди вистината,
во срцата, во умот.
Денес прославувајќи Го Бога во тебе Неговиот светија,
ја величаме Неговата милост,
не ги криеме многуте грижи кои Пастирот ги покажа,
по твоите о, Фотие свети молитви.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Фауста, Евиласиј и Максим
6 февруари / 19 февруари

3.angeli.so.truba

Носителка на пламенот на верата во себе,
светата девственица Фауста,
го запали срцето на Евиласиј и Максим за вистината,
и тие скротени од благодатта Христова
го исповедаа Спасителот пред светот.
Сите тројца во купелот на простувањето,
како со кораб во мирни води стигнаа до Христа,
и по нивните молитви Господ да ги прости нашите гревови,
подавајќи ни милост голема.




Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на чудотворната икона
на Пресвета Богородица
,, Елецка“
6 февруари / 19 февруари

глас 6
Спомнувајќи си за даровите на Твоето милосрдие,
 и со благоговение целивајќи го Твојот чудотворен Лик,
 со надеж на Твојата помош, срцата наши ги веселиме,
на Тебе која престојуваш помеѓу нас помислуваме
и со вера ти повикуваме: моли го Твојот Син и Господ,
 да нé научи секогаш да ги твориме Неговите заповеди,
 и злите искушенија да ги надминуваме,
и Тебе нашата Застапничка достојно
 да ти пееме и славиме во вековите.



 
Извор МПЦ-ОА

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Марта и Марија и нивниот брат
Ликарион
6 февруари / 19 февруари

3.angeli.so.truba

Силата Твоја Господи во исповедниците,
го надминува разумот човечки,
така Марта, Ликарион и Марија младоста која поминува,
ја заменија со венци на животот вечен,
 и солзите на болките породилни, со радости неискажливи.
Затоа денес се и наши застапници,
пред Твоите о Господи, праведни судови.


 
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на
преподобните отци
Варасануфиј Велики и Јован Пророк
6 февруари / 19 февруари

3.angeli.so.truba

Вие кои умревте за сите,
Бог ве оживеа, просветли, прослави и возвелича,
бидејќи со благодатта Негова станавте потполно ум,
потполно око, потполно светли, потполно совршени,
потполно богови по благодат, о Варсануфие и Јоване –
оставајќи ни одговори,
молете се за нас да го стекнеме смирението,
и трпението ваше,
за да потполно љубиме и Бога го добиеме.

 

Тропар на светите
Христови маченици: Доротеа,
Христина, Калиста и Теофил
6 фавруари / 19 февруари

3.angeli.so.truba

Кормиларот те поведе накај што сакаше душата твоја,
 о Доротео света девственице,
по тој пат благодатта знаменија сееше,
кои плодови донесоа
во душите на Христина и Калиста,
а оган запалија кај Теофил,
кој од рајот на сладоста плодови прими.
Молете се за нас вие свети маченици,
жители на небесните населби. 


 
 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 19/02/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

 

Од Верскиот календар:

sv.Fotij.Carigradski.jpg

Свети Фотиј, патријарх Цариградски    

Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на верата. За шест дена ги помина сите чинови од лаик до патријарх. Стана патријарх на Божик, 857 година, а се упокои во Господ во 891 година.

Свети Вукол, епископ Смирненски    

Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.