Тропар, глас 8:


На половината од Празникот, жедната моја душа напој ја со водата на благочестието, зашто Ти, Спасителе, на сите си им викал: Кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие! Извору на нашиот живот, Христе Боже, слава Ти!

Кондак, глас 4.


Создателу на сѐ и Владико Христе Боже, на половината од Празникот кој беше пропишан со законот, Ти им говореше на оние што Те слушаа: Пријдете, и нацрпете од водата на бесмртноста! Затоа и ние Ти се поклонуваме и верно Ти викаме: Дарувај ни ги Твоите добрини, зашто Ти си Изворот на нашиот живот.

Икос: Запустената моја душа од безбројни гревови, наводни ја со потоците од крвта Твоја, и направи ја плодоносна со добродетели, зашто Ти си им рекол на сите да доаѓаат при Тебе, Сесвето Слово Божјо, и да црпат жива вода на нераспадливоста, која ги очистува гревовите на оние што го воспеваат Твоето славно и божествено Воскресение, давајќи им ја навистина крепкоста на Духот, која слегува од висините, на Твоите ученици кои Те знаат за Бог Тебе – Благи, зашто Ти си Изворот на нашиот живот.

 Подготви: Т.С.

 Друго:

Hristos.Sudija.jpg