23 февруари 2012

Хуриет - Истанбул

Пред некој ден, Вартоломеј Први, владиката на истанбулската нова римска и вселенска патријаршија, го посети турскиот парламент. Ова беше првпат Неговата светост да го посети турскиот парламент, каде веќе еднаш претходно беше на погребот на турскиот претседател Тургут Озал. Но овој пат, тој беше поканет од Уставната советодавна комисија на парламенот, каде пратениците од сите партии работат на нацртот на новиот устав на земјата.

По неговата средба во комисијата, каде ги искажа неговите очекувања од новиот устав, Неговата светост им го кажа следново на новинарите.

„Ова е првата официјална покана на немуслиманското малцинство во историјата на републиката. Ние не сакаме да бидеме второкласни граѓани. За несреќа, во минатото имаше неправди. Сето ова полека почнува да се исправа. Се раѓа нова Турција. Го напуштаме состанокот со надеж и сме вонредно благодарни“.

Каква величенствена изјава беше тоа. Таа го истакнува горчливиот факт дека низ историјата на „секуларна“ Република Турција, немуслиманите беа сметани како второкласни граѓани, ако не и непријатели. Таа исто го истакна и фактот дека „се раѓа нова Турција“, каде антинемуслиманските предрасуди од минатото „полека“ се напуштаат. (И јас посакував промените побрзо да дојдеа). Севселенскиот партијарх исто така забележа дека сегашната трансформација во Турција, нему и на неговите следбеници христијани, му даваат надеж и заради тоа тие се благодарни.

Сега, ако сте меѓу оние кои сметаат дека Турција се оттргнува од нејзиното секуларно минато и оди кон „исламистичка“ темнина, тешко ќе ви биде да поверувате во ова. Но ве молам, верувајте му на Севселенскиот патријарх и дозволете да ви објаснам зошто е ова вака.

Неговата светост е во право, затоа што најголемата закана за турските христијани и за евреите не е исламот, туку турскиот национализам. Всушност, исламот ги почитува верските права на „луѓето од Книгата“ - евреите и христијаните - и затоа за време на отоманското владеење немуслиманите ја имаа слободата за верска определеност. Во средината на 19-иот век, Отоманската империја исто така им даде еднакви граѓански права на немуслиманите, што доведе до појава на многу христијани и евреи во отоманската бирократија и во парламентот.

Сепак, во 20-иот век и по паѓањето на Отоманската империја, и по увезувањето на моделот на држава од континентална Европа, ова доведе до појава на турскиот национализам. Оваа секуларна, но сепак нелиберална идеологија имаше малку почит за „луѓето од Книгата“, и сакаше да создаде слободна од немуслимани Турција - не заради својата љубов кон муслиманството, туку заради турчинството. Оттука доаѓа етничкото чистење на ерменците, грците и асиријците, или „Големиот данок“ врз сите немуслимани, вклучувајќи ги и евреите.

Кемализмот, односно официјалната идеологија на турската република, беше легло на оваа националистичка парадигма. Неупатените западњаци често го фалеа кемализмот заради неговата „секуларност“ и „модернизам“, но малку забележуваа дека казнувањето на турските христијани (патем, и курдите), од кои со право се жалеа, беше спроведувано токму од самите кемалистички јакобинци и нивните примитивци. (Ова последново се однесува  на турските ултранационалисти, чија иделогија е сурова, но е поприроден одраз отколку онаа на пософистицираните кемалисти).

Токму затоа посткемалистичката Турција, исто како и предкемалистичката (отоманската), беше понепријателска кон немуслиманите. А доказите за тоа ги гледаме секој ден.

ПС. Можеби забележавте дека не го ословувам Севселенскиот патријарх со „Фенер рум ортодокс патријарх“, како што го ословува турската држава и мејнстрим медиумите. Затоа што верувам дека секоја верска институција има право да се нарекува како таа избира да се нарекува, затоа што е тоа право кое треба да биде почитувано од другите. ат/11:42

Извор: МИА