3.angeli.so.truba

Десетици луѓе секој ден ми праќаат инструкции како да си ги мијам рацете. Ви благодарам за грижата. Разбрав. Веќе можете да престанете. Ќе се реванширам со тоа што ќе си дозволам и јас да дадам една инструкција, која морето од информации, заради некоја си причина, не ја исфрла кон нас. Не мијте ги само рацете. Да ги измиеме и душите си! Реална или преувеличена, но ако има опасност од смрт, христијанинот прво треба да мисли за својата душа. И на што воопшто човекот може да мисли, ако крајот чука на вратата? Во што се претворивме? Се сеќаваме за тоалетната хартија, но не и за вечноста. Ако тоа е оправдано за некој поклоник на либералната демократија, да мисли прво за физиологијата, зарем ние не треба да мислиме на она, кое што е од Бога? А, се наоѓаме во време на пост. До вчера го читавме Покајниот канон на свети Андреј Критски и ете денеска на телевизија ни велат: „Смртта се шири низ воздухот“. Исплашените се кријат по куќите, а итрите пишуваат вицови.Но, никој не плаче! Никој не се кае пред лицето на смртта која доаѓа. И никој не зборува за молитва. Како смртта да дошла да ги коси, не создадените по образ Божји луѓе, но некакви суштества, кои произлегле од мајмуни, кои што можат да јадат и да...


Темата за смртта е баш на вистинското место за време на постот. За неа треба да се говори. Да се гледа со широко отворени очи. Да се бара исход од неа. И луѓето да копнеат за вечноста. На крајот на постот ќе се произнесат и зборовите на апостолот: „Смрт, каде ти е осилото? Пеколу, каде ти е победата (1. Коринт 15,55)?“ и двата најважни зборови за целото човештво: „Христос воскресна“! Некои, дури и сакаат да ја откажат објавата на таа вест, затоа што мислат оти ќе се заразат доколку ја слушнат. Но, оној кој не верува во Христос и не Го познал преку покајанието, е неизлечливо болен со или без корона вирус. Нека спрема залихи и нека се крие. Тој го има само овој свет, па вака или така, ако не сега, тогаш после извесно време, за него се ќе заврши на трагичен начин. Но, ние како христијани не треба да мислиме така. Треба да го сакаме Христа. Да копнееме за Него. Да го сакаме со целата своја душа. И да Го молиме за милост! За нас самите, за младите, за старите, за верните и за неверните. Да го молиме, затоа што од Него зависи се. И од нашето покајание. Покајанието може да го измени гневот на Господа и да ја прогони заразата. Тоа треба да го знаеме како христијани.
И да, ете ви едноставна инструкција: Покајте се! Сите да се покаеме!


протоереј Владимир Дојчев

 

Избор од фб профил на

 Dejan Apostolovski