(Обновно)

Клаудија Јорданова

                                                                          
ОСЛЕТО-КРСТОНОСЕЦ

ЗХЛ “ ВИТЕЗДА”  -  БЛАТЕЦ  2010г.
                                  
markov.sv.Zlata1.jpg

'' Магаре ниедно !
За ништо не те бива!
Колку си глупав!
Седи таму во последната клупа!
На магарешката клупа!''


Кој не ги знае, или не ги слушнал овие секојдневни зборови од устата на обичниот човек?

Но, треба да размислиме, дали имаме право да понижуваме едно дете на тој начин, споредувајќи а  го со едно животно?
И  уште понатам , дали смееме да ја злоупо-требуваме трпеливоста на едно животно, што што толку многу се претоварува, се малтретира, или се остава цел ден  на најжешко сонце без вода или  барем малку сочна трева?
Дали тоа сиво суштество, со еден 'рѓосан
глас како стара пумпа за вода, смееме толку
многу да го мачиме?
Магарето е најспомнатото животно, како во
Стариот, така и во Новиот завет.
А пред сè, во врска со животот на Господ
Исус Христос на земјата.                                                                                                                                     

                Да почнеме со Стариот завет, каде се пишува  за едно осле, што го
                гледа Ангелот Божји , а неговиот господар со име Валаам
                не го гледа:
    
Ослето на Валаам

IV книга Мојсеева 22,
21.Утрината Валаам стана, ја оседла ослицата своја и тргна со моавските кнезови.
22.И се разгневи јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана Ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој  јаваше на ослицата своја, а со него и двајца слуги негови.
23.И ослицата го виде Ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, па скршна од патот и тргна по полето, а Валаам почна да ја бие ослицата со својот жезал за да се врати на патот.
32.И му рече Ангелот Господов: “ Зошто ја биеш ослицата еве веќе три пати? Јас излегов да ти го попречам патот, зашто патот твој не Ми е по волја!”
34.И му рече  Валаам  на Ангелот Господов: “Згрешив,бидејќи не знаев , дека Ти стоиш на патот пред мене; и сега ако тоа Ти е неугодно јас ќе се вратам”'.
              
cvetnici1.jpg
 

  Во  Новиот Завет

Зошто нигде не се чита во Библијата  или се кажува нешто за расните арапски коњи, за високите камили и брзи дромедари?
Зошто токму едно мало, сиво осле, игра една голема улога во животот на Спасителот ? Сигурно Тој виде често пати, како едно мало, но толку корисно животинче, страдаше од сурова човечка рака!
Повеќе пати  се раскажува  во Свето Писмо за ова суштество:

  

На патот за Витлеем                                                  
Осле ја носи бремената Марија
внимателно и стрпливо, како да знае,                             
каков скапоцен Товар му лежи на грбот.


Лука 2:
“Во тие дни излезе заповед од ќесарот Август за попис на сите жители.
2.Тоа беше прв попис за управувањето на  Квириниј во Сирија
3.Отидоа сите да се запишат секој во својот град.
4.Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово
5.За да се запише со Марија, свршената со него жена, која не беше празна.

Кога пристигнаа на целта од нивното патување немаше место за една жена родилка во чиста соба, и пак беше присутно  ослето со други животни во пештерата... Сигурно го топлеше Новороденчето со својот здив во студената ноќ.

И потоа не го остави малото семејство  во животна опасна неволја, туку од војниците на Ирод, коишто убија толку многу новороденчиња, побегна дури до Египет.  Го носеше Малиот Исус и сигурно уште многу товар на долгиот и не многу удобен пат. Но издржа и стигнаа сите заедно таму далеку од родниот крај. По веста од Ангелот дека со смртта на Ирод не постои повеќе опасност за Новороденчето и истото осле го однесе светото Семејство во Назарет.   

 

                       

Свечено влегување во Ерусалим
 

И пак едно осле игра многу важна улога , кога Господ Исус Христос последен пат дојде во Ерусалим. Зошто не користеше еден убав бел ат, како што прилега на еден крал?
Или  една висока, богато украсена камила?   Не! Пак се чудиме!


Марко 11
2. и им рече : “Одете во селоно , што е наспроти вас, па штом влезете во
него ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал;одврзете го и доведете го!
3. И, ако ви рече некој : “Зошто го правите тоа?Кажете  дека Му е потребно
на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука. “
4.Тие отидоа и го најдоа ослето , врзано за портата однадвор, на раскрницата, и го одврзаа.
5. И некои од оние ,што стоеја таму им рекоа: “Што правите? Зошто го одврзувате? “
6. А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија .
7. И го доведоа ослето при Исуса и ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него.
8.И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. 
 
Зошто Спасителот избра едно многу скромно, неугледно животниче? Зошто му даде толку чест, да го спомнуваме  дури после 2000 години и повеќе, на едно осле , помошник на сиромасите и симбол на трпеливоста? Веројатно  му даде тогаш толку чест, бидејќи Господ Исус Христос  посебно ги сака скромните и смирени суштества!



Свечено влегување во Ерусалим
                

  

 https://live.staticflickr.com/7238/7157065832_abbd0976eb_b.jpg

Од манастирот “Свети Јован Бигорски”


На  патот кон Голгота

Можно ли е, едно сиво осле со болно рикање да го жали, кога Го виде оној Човек како страда, кого тој  Го носеше при голем восхит низ улиците на Ерусалим?  Сега пак, гледа како истиот Човек го носи претешкиот крст кон Голгота и падна на патот!

Сигурно дотрча тогаш тоа мало сиво осле да Му помогне, да Му го носи крстот, претежок за еден претепан и раскрвавен Човек без сила.
Можно ли е, дека Спасителот најде еден миг време да го погледне малото осле близу до Него, незабележано од големата толпа луѓе? Сигурно собра сили, и со Својата последна најнежна насмевка, го погали со раскрвавената рака по грбот.
 Можно ли е дека му шепна во големите уши:
“Пак си тука да ми помогнеш.Ти благодарам!
Нема никогаш да те заборавам,а ниту луѓето на
светот.  Еве ти го цртам  Мојот крст на твојот грб.  
Носи го со гордост!”
Можно ли е тоа?
 

Еве, погледнете го малото осле уште еднаш, тоа скромно, незабележливо, но благородно  суштество
во нашето секојдневије.

                      
  фото  и  дизајн : Клаудија Јорданова
  цитати од Св.Писмо : прота Петар Јорданов

Извор: „Православен пат“

 

Друго : Од архивата на Преминпортал

 

 p.p.