логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

СИНАКСАР

Стихови:

cvetnici.jpgСловото Божјо, Кое ги покрива небесата,
Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.

Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече, оставајќи му место на злото. Евреите пак планираа да Го убијат на празникот Пасха. Тоа Му даде доста време да се задржи подалеку.

 

 

 

 

 

Шест дена пред Пасха, како што е напишано, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар (кого што го воскресна). Кога беа на трпеза, со него седеше и Лазар. За тоа време неговата сестра Марија излеваше миро на нозете Христови. Утредента, Исус ги испрати Своите ученици да приведат ослица со мало осле. И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е Кој иде во името Господово, Царот Израилев. Всушност, тие (децата), научени од Светиот Дух, тоа го правеа во слава и чест на Христа, зашто на тој начин тие ја најавуваа Христовата победа над смртта со маслиновите гранчиња. Имено, кај Евреите имаше обичај победителите да бидат пречекувани и прославувани со палмови (врбови) гранчиња. Овде ослето не претставува нас луѓето од незнабоштвото, на кое Христос седнува и отпочинува како победител, Кој се нарече Цар на сета земја. За овој празник зборуваше и пророк Захарија: „Ликувај од радост, ќерко Сионова! Ете, Царот твој доаѓа при тебе, кроток, седнат на осле, рожба на ослица" (9,9). А и (пророк) Давид вели за децата: „Од устите на младенците и на доенчињата си си направил похвала." Но, кога Христос влегуваше, сиот Ерусалим се потресе, како што е речено, и првосвештениците, поттикнувајќи го народот на револт, планираа да Го убијат. А Тој, криејќи се, се таеше; а кога ќе се покажеше, им зборуваше во параболи.
Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, направи не и нас победители на бесловесните страсти и на Твојата светла победа на смртта! Удостој не да го видиме и Твоето живоносно воскресение, и помилувај не, сега и секогаш и во сите векови. Амин (Види: Јован 12,1-18).

 

  

Извор: ПОСЕН ТРИОД

-  СИНАКСАР - Не спомнувај ги гревовите на умрените, ...

- СИНАКСАР - Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја,...

 

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

 Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 

markov.prezde2.jpg

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1096
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1663
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1098
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…