Слични

Камен на камен прилега

Дрво со дрво се дружи,

Едни ќе направат планина

Други во шума се слични.

Гледам во лица насобрани

Едни со други се бараат,

Тешко дека се преумени

На кон себе слични тежнеат.

Постојат и лукави,

Грешки свои кои не поправаат,

За да се покријат

Трагаат по луге со врлини.

Иако тешко се наогаат

Барем сличност во слабост да нема,

Белким ќе се добие доверба

Кога заедно ќе патуваат.

И ете родот се испомеша

Во таа гужва голема,

Од себе се криел

Но вистината излегува на виделина.

Видел човек дека е сам бендисан,

Поглед во огледало упатил

Себеси зад друг се скирл,

Да не остане од дождот налеан.

 

Јас не сум крив

Туку овој до мене,

На него сличен сум бил

А тој нема ништо со мене.

Одбрана научил низ смеа

Како да е тоа мудрост голема,

Но ликот свој нема да го преточи

Во некој кој се чува како своите очи.

Слични едни на други ќе бидеме

Кога по ист Пат ќе одиме,

Со исти желби исполнети

Да побегнеме од светски намети.

Еден род со еден Бог,

Љубов кој ќе следи,

Голем ќе биде тоа влог

Во личност сличност ќе донеси

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: