логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Овој ден
На Св. Атанасиј Велики

Ноќ повторно наидува
Во утро рано на мои очи,
Ученик наместо да се надѕидува
Дозволил нешто да го кочи

Прослава чесна Небесна
За учител се одвива
Ликува Небеса, торжествува,
Црквата воскликнува

А ученик немо поглед упатува
Преку планини, горски езера
До место на прослава
До цела вселена

Радувај се,
Атанасие свети
Кој во свои прегратки нe прими !

Радувај се,
Бесмртно Име прослави
И за Него душа обручи !

Радувај се,
Небесна вечна пофалбо
И земна конечна победо !

 

Радувај се,
Евангелска вистино
На Духот Свети саду осветен,
Во служба Негова, височино
За крштението учител благодатен !

Во прегратки твои примени
Од временски мени заштитени,
Нахранети со скромност, издржливост
Напоени со нектар на благодарност

Одгледани со солзи растворени
Испратени во борба отворена
Ти како штит се постави
Помеѓу светот и душата положена

Прости,
Прости на оние
Кои немаат свечена одора,
Се исполнивме со самоволие
Од кое срцата ни се затруја

Затоа ничкум паѓајки
Пред твоја врата коленичиме
Поглед не подигнуваме
А само глаголаме :

Радувај се,
Прегратко која нe удоми,
На немилост не нe остави !

 

Радувај се,
Очи ниизбистри
Столбови ни постави
Оградувајќи нe со Христови вистини !

Радувај се,
Во самоволие залутавме
А ти родител заштитник
Отфрлање не даде
Прибра секој патник намерник !

Радувај се,
Еве патека се отвора
Маглата се расчистува
Домот да си го видиме
Корени диви повеке да не јадеме

Радувај се, Атанасие Велики
Кој за нас спасоносна молитва сотвори !

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

 

 

 

Друго:



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1346
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1885
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1249
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »