Успение

Вие – Царице небесна
Ти ѕвездо водителка
Вие трепет ангелски
Ти познание кое јасно си.

Како да те именуваме
кога за друга светлина човечка не знаеме,
како да ти се заблагодарам
и што уште од тебе да измолам.

Има, има сеуште благодарност неискажана
има зборови за помош недоловена
има сознанија
за блискост неоткриена.

Поитај,
Ти, успение на нашите души
побрзај,
Борец непомирлив за сите кои не се спасени.

Умов е нападнат од гласови
лелеци на души човечки,
мои браќа и сестри ранети
често, многу од нив веќе поробени.

Од Бога подигната
крај не виде твоја сила животна,
крај ни покажа низ врата отворена,
крај кој вечен почеток зачна.



Роде човечки,
изнесете благодарност
роде ангелски –
вечна непрестана певливост.

Заштити, спаси, помилуј,
сочувај не Боже со Твојата благодат,
по молитвите Нејзини не отстапувај
од оние кои на Нејзиното застапништво се надеваат.

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: