Св. Пантелејмон- с.Нерези



Денес, кога Светата Црква го слави споменот на свети Пантелејмон и свети Климент Охридски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопска епархија, отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на свети Пантелејмон во Нерези кај Скопје.






По Светата Литургија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го освети и прекрши празничниот колач.

