Скопје, 16.11.2011 г. -  храм на св.вмч.Георгиј, н. Кисела Вода

На празникот на светиот великомаченик Георгиј и светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски,   светите  мошти на  св.вмч.Герогиј Победоносец напрво беа поставени за поклонение и целивање, од 10.00 ч. до 11.30ч.  во  храмот на св.Георги во населбата Чаир, потоа, од 12.00ч. до  13.00ч. во храмот на св. Георги  во населбата Кисела Вода, и  од 13.30ч. до 15.00ч. во храмот на  св. Ап. Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров, а потоа  испраќајки  ги достојно,  беа  вратени во манастирот во Рајчица.

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

И додека во храмот на св.вмч.Георгиј во Кисела Вода, постојано се читаа молитви и пееа духовни песни, водени од големата  почит и љубов кон светителот, бројните верници од Скопје пристигнаа и во овој храм на поклонение на светите мошти од овој силен  Божји угодник, молитвено барајќи го неговото застапство пред Бога. Како љубовта раѓа љубов, нашиот  верен народ топло му возврати на овој  духовен светилник  чии мошти постојано  пројавуваа  прекрасно благоухание и мироточеа.

Се ни е дадено...се е до нас.

„Му дадовте смисла на денов, ...ви благодарам!“ - во оваа навидум едноставна а во суштина со длабока смисла изјава на еден поклоник од Скопје, содржана е сета порака на благодарност кон Бигорската обител, а над се, бескрајна благодарност на Бог, Кој преку Неговиот свети великомаченик Георгиј  благодатно не прегрна.

...Земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода. - Од пророштвата на Исаија

 Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Испраќајќи ги достојно од овој храм,  моштите на св.вмч. Георгиј Победоносец беа однесени на поклонение во храмот на св.Петар и Павле, во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Poklonenie.K.Voda.jpg

 Скопје, 16.11.2011 г. -  храм на св.Петар и Павле, н. Ѓорче Петров

Во храмот на св.Петар и Павле се  читаше Акатист кон светителот додека со голема и видлива духовна радоста верните се поклонуваа на светите мошти кои и овој храм го исполниа со прекрано благоухание .. .

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg 

 Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg


Poklonenie.K.Voda.jpg

 Poklonenie.K.Voda.jpg

 Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

Poklonenie.K.Voda.jpg

По поклонението во овој храм,  светите мошти  носени на рацете од свештеникот Готан Тасески беа вратени повторно назад во Бигорската света обител и нивниот метох во манастирот во Рајчица.

Poklonenie.K.Voda.jpg

 Poklonenie.K.Voda.jpg

 


 

Тропар, глас 4.

Со добар подвиг и со вера се подвизуваше, Христов страдалецу, и нечестивоста на мачителот ја изобличи и, како жртва благопријатна, Му се принесе на Бога. Затоа прими венец на победа, и со твоите молитви, светителу, на сите им даваш прошка на гревовите.

Преминпортал

Лето Господово 2011

Друго:

 http://preminportal.com.mk/content/view/6711/151/