Artsome.novi.freska.jpg

“Артсоме” студио комлетира уште еден иконографки проект

    По Божја волја Македонското Иконографско Студио “АРТСОМЕ” од Виндсор,  Канада, чии зограф е магистарот Глигор Стефанов, со помош на  неговата сопруга, арх. Маре Т. Стефанова, мината недела го заврши живописот во СПЦ “Свети Димитриј” во Виндсор.
     Во неделата, на 6 Ноември 2011 година, владиката Георгиј од српската канадска епархија, заедоно со парохисиот свештеник Мирослав Ратковиќ го осветија новонасликаниот живопис.

 Живописот во Црквата Св. Димитриј во Виндзор работен е во автентичен православно византијски стил со плава позадина на фигурите, ликовите и сцените, со суптилни детали, продуховени и експресивни ликови и позлатени ореоли. Програмското решение е во склад со традиционалните принципи и со архитектонските елементи на внатрашноста на храмот кој е изграден во облик  на еднобродна  базилика со благо заоблен таван на кој не е конструирана купола. Одсуството на куполата детерминисува да на центарот на  таванскиот свод биде прикажан фронтално, до појас, Христос Пантократор кој гледа и се грижи за верниците и е опкружен со четири ангели. Во одсуство на пандантифи, евангелистите се прикажани во медаљони на сводот од храмот.
 На врвот од олтарската апсида представена е Пресвета Богородица, мајка на  оваплотениот Логос и преставничка на човечкиот род пред престолот Божји. Насликана е допојасно, во молитвена поза со раширени раце и со Синот пред Неа, придружена со два ангели. Во долната зона на олтарскиот живопис прикажана е Службата  на Архиереите во која тие се облечени во свечени архиереиски облеки и во рацете држат свитоци со литургиски молитви. Во центарот на  композицијата преставена е Чесната Трпеза на која се путирот и дискосот во кој лежи Христос Агнецот.

Artsome.novi.freska1.jpg

Artsome.novi.freska1.jpg
 На источната страна од наосот, во лакот над иконостасот насликана е Тајната Вечера. Во внатрешноста на храмот, во наосот, циклус на Големите празници е прикажан во горната зона, на благо заоблениот таван. Во оваа зона, најблиску до олтарот, насликана е сцената Благовештение, по која следат сцените Богојавление, Преображение, Лазаревото Воскресение, ред кој продолжува на другата страна на наосот со сцените на Влегување во Ерусалим (Цветници), Христово Распетие, Вознесение и Слегување на Светиот Дух. Композиците Раѓањето Христово и Христовото Воскресение насликани се во долната зона на ѕидовите лево и десно од олтарот. Нивниот распоред одстапува од вообичаените принципи но со тоа е акцентира нивната важност.
 На северниот и јужниот ѕид, помеѓу прозорите, прикажани се цели фигури на светители во природна големина и тоа на јужната страна е Патронот на храмот, Св. Димитриј и до него Св. Георгиј, а на северној страна се Св. Сава и Св. Василиј Острошки. На јужниот, северниот и западниот ѕид, под галеријата, прикажани се бисти на светители кои не се распоредени по категории но ги опфаќаат светците кои  ги слават парохјаните на овој храм.
 На горната зона од западниот ѕид, на оградата од галеријата и централно над црковниот влез е насликана композиција на Светите Јасеновачки Новомаченици, а лево и десно од неа се насликани светители допојасно. Исто така на западниот ѕид на галеријата, насликана е сцената на Успението на Пресвета Богородица.
 На зидовите од припратата, од лево и десно од црковниот влез се насликани Св. Архангел Михаил и Св. Архангел Гаврил.
 

Artsome.novi.freska1.jpg

Artsome.novi.freska1.jpg

 

За Преминпортал:

Маре Т. Стефанова