Ivica.matriks.jpg

Ivica.matriks.jpg

Ivica.matriks.jpg

На 20. 10. 2011 год, во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, во четвртиот ден од  циклусот филмови „Поттикот на верата од филмското платно”,  беше прикажан  филмот - „МАТРИЦА”. По проекцијата на филмот дискусијата ја водеше презвитер Ивица Тодоров, кој ги поврза сижето и пораката на филмот со исконската одпаднатост на човекот и современите предизвици на човекто како: потребата за покајание (првиот филм ОСТРОВО), духовниот живот кој треба да не спаси од КЛОПКА (вториот филм), спротивставувањето на светските моќници (третиот филм ЦАР) и спасувањето од структурите на злото (четвртиот филм МАТРИЦА).

Живееме во цивилизација која е изградена на страв создаден од структурите на злото. Како производ на таква ситуација се затвораме во себе или стануваме сурови. Живееме во сомнежи, водени од страсти и запаѓаме во бесмисла. Поради сето тоа живееме во илузија која во филмот ни ја создава дружината на агентот Смит, а во животот на земјава илузијата (хедонизмот) од лажгото.

Филмот не охрабрува во животниот предизвик кон што да се завртиме: кон вистината или кон илузијата (во филмот кое апче ќе го земе Нео)? За да се спасиме ние треба само мирно да му кажеме на лажгото НЕ ТИ СЕ ПЛАШАМ и да се приближиме на Тој кој што ја знае вистината затоа што и Самиот е вистина.

Оваа ситуација може да ја разбијат само христијани за кои Црквата не е декор туку заедница на слободни, активни и од Создателот возљубени оригинални личности.  Само преку барањето и сознанието на вистината и смислата на постоењето можеме да излеземе од илузијата (во филмот МАТРИЦАта) и да станеме достојни за Царството Божјо. Таков човек со вера и љубов е подготвен да го понесе крстот и да се жртвува.

Ivica.matriks.jpg

Ivica.matriks.jpg

Ivica.matriks.jpg

Ivica.matriks.jpg

Ivica.matriks.jpg

 Ivica.matriks.jpg

Подрготви: Ратислав Кардалев

Во петок(21.10.2011 од 18ч.) се прикажа  филмот-„ГОСТИН“. Презентер и водител на  дискусијата по филмот  бeше  презвитер Игор Калпаковски.