На 21. 08. 2011 година на празникот на светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света Архиерјска Литургија и одржа пригодна беседа.

 

 

По ова Митрополитот г. Иларион ги благослови и освети иконите со ликот на Светиот маченик Спасо Радовишки и свештеноереите ги поделија на присутните верници.

После светата литургија, Митрополитот г. Иларион, зедно со Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, гостинот Градоначалник на Велика Плана Р. Србија г. Дејан Шукриќ, Пратеници во Собранието на РМ од Радовиш, Претседтелот на Советот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Советници во Општина Радовиш, свештенослужителите и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки, изврши литија од храмот Св. Троица до Градскиот Плоштад во Радовиш каде на новоизградениот трем при параклисот Св. мч. Спасо Радовишки, кој се наоѓа на Градскиот Плоштад, ја освети новонацратаната фреска со ликот на Пресвета Богородица и новоизработениот мозаик со ликот на Св. мч. Спасо Радовишки по што го благослови и пресече празничниот леб. По ова на самиот Плоштад, кој го носи името на Овој Светител, беше организирана културно – уметничка програма за присутните верници на која свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, гостинот Градоначалник на Велика Плана Р. Србија г. Дејан Шукриќ и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион посакувајќи им добредојде на православните гости од Велика Плана – Р. Србија и говорејќи за љубовта на Христа кон сите чеда.

 

 

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/

Извор: Брегалничка епархија