sv.Kir.jpg

  НЕДЕЛА НА МИТАРОТ И ФАРИСЕЈОТ

   bogorodica.k.dol.jpg


         Вчера Евангелието не учеше на упорна молитва, а сега не учи на смирение или чувство на лишеност од правото на сослушување. Не си го присвојувај за себе правото дека мораш да бидеш сослушан, туку пристапувај и на молитвата како некој кој што не е достоен за никакво внимание, и кој себеси си дава право и смелост да ја отвори устата и да вознесе молитва кон Бога единствено поради бескрајната снисходливост на Бог према нас бедните.

          Нека не ти доаѓа ниту мислата: „Јас го направив тоа и тоа. Затоа дај ми го тоа и тоа.“ Што и да направиш, сметај се себеси за должник, затоа што си бил должен да направиш (добро). Да не го направеше ќе беше подложен на казна, а затоа што го направи нештото, нема за што да очекуваш награда, бидејќи не си направил ништо посебно. Меѓутоа, фарисејот ги преброил своите права за сослушување за да излезе празен од црквата. Лошото кај него не било тоа што правел како што рекол: тој така и требало да прави.          

          Лошото е што тоа тој го претставувал како нешто посебно. Меѓутоа, на такво нешто не требало ни да помисли. Избави не Господи од овој фарисејски грев! Иако ретко кој така вешто се служи со зборови, во срдечното чувство ретко кој е сличен на него. Зошто луѓето лошо се молат? Затоа што се сметаат себеси исправни пред Бога.   

   


Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА bogorodica.k.dol.jpg

Извор: СВЕТОСАВЉЕ


 

 

 
Друго:    

bogorodica.k.dol.jpg 

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True  

ПОНЕДЕЛНИК  

НЕДЕЛА

Подготви: С.Д. 

========

 
Краток предговор на синаксарите: Недела на митарот и фарисејот

Краток предговор на синаксарите, односно збирка на триодски синаксари од Ксантопул.

Стихови од Триод:
Создателу на горните и долните, Кој ја примаш Трисветата песна од ангелите, Прими го и трипеснецот од луѓето.

На митарот и фарисејот:
Кој живее фарисејски, тој останува далеку од Црквата. А Христос е внатре и смирениот Го прима.

Со Божја помош, во овој ден почнуваме да го пееме Триодот составен добро и прилежно, по вдахновение на Светиот Дух, од мнозина наши свети и богоносни уметници.

Треба да се знае дека првиот голем писател на трипеснеци (Триод = Трипеснец – три песни), во име на Светата и Животворна Троица, за големите страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, ги напишал големиот поет Козма. Според негов образец, и други отци, особено Теодор Студит и Јосиф Студит, напишале и други песни за светата и велика Четириесетница. Основен белег на Триодот е тоа што од канонот, кој има девет песни, се пеат само три песни, од понеделник до петок, и тоа по овој редослед: во понеделник – 1,8 и 9 песна; вторник – 2,8 и 9 песна; среда – 3,8 и 9 песна; четврток – 4,8 и 9 песна; петок – 5,8 и 9 песна; во сабота се пеат 6,7,8 и 9 песна. Во недела се пее целиот канон. Треба да се напомене дека втората песна од канонот, која има тажна содржина, е поместена само во Триодот, додека во другите богослужбени книги е испуштена.



Целта на нашите Свети Отци е преку оваа книга Триод да нè поучат и потсетат на сите добрини што Бог ги направил за нас од почетокот: како бевме создадени од Него, како бевме лишени од рајската храна откако ја отфрливме дадената заповед, како бевме отфрлени поради зависта на ѓаволот, преку змијата, кој отпадна поради горделивоста. И како живеевме лишени од добрините, и водени од ѓаволот. Како, пак, Синот – Словото Божјо, од љубов кон нас, ги преклони небесата и се всели во Дева, и заради нас стана човек и ни го покажа патот кон небесата, ако живееме според Него, односно преку смирение, пост и отфрлање на лошите дела. Како пострада и воскресна и пак се вознесе на небесата и на своите ученици и апостоли им Го испрати Светиот Дух, и за тоа како Синот Божји, Кој е и совршен Бог, од сите нив беше проповедан. Како овие божествени апостоли, со благодатта на Светиот Дух, со својата проповед ги собраа светиите од целиот свет и го исполнија горниот свет, а тоа беше и намерата на Создателот уште од почетокот.

Наредните три празника: Неделата на митарот и фарисејот, на блудниот син, и на второто доаѓање (Недела месопусна) треба да послужат како еден вид подготовка, поука за почетокот на постот, како да се подготвиме за духовниот подвиг на постот и како да се ослободиме од вообичаените скверни навики. На почетокот тие ни ја предлагаат приказната (параболата) за митарот и фарисејот. Слично на оние што одат во физичка (телесна) војна, кои од своите војсководачи се подготвувани преку различни вежби, чистење на оружје и со сè што е потребно за борбата: да отфрлат секаков страв, мрзливост, очајание и сè друго и да бидат храбри – така и божествените отци нè подготвуваат за духовниот подвиг против демоните, чистејќи нè од секакви страсти, преку пост, покајание и други добродетели. Ако до сега не сме ги стекнале, тогаш да се потрудиме да ги добиеме и така со нив вооружени, да го пожнееме подвигот на постот.

Но, бидејќи првото оружје кон добродетелта се покајанието и смирението, а пречка кон врвното смирение се горделивоста и надуеноста, од божественото Евангелие ни е предложена денешнава парабола, која нè поучува да ја отфрлиме страста на фарисеевата горделивост и надуеност, а да го подражаваме митаревото покајание и смирение, кое е спротивно на онаа страст. Бидејќи првата и најлоша страст е горделивоста и надуеноста, зашто преку нив отпадна од небото ѓаволот, кој порано беше наречен Деница (Луцифер – светлоносец), поради нив тој стана темнина. Но, поради нив беше изгонет и Адам од рајот. Со ова светите отци нè учат никогаш да не се возгордеваме, и да не се креваме против ближниот, но секогаш да бидеме смирени, оти Господ им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат, бидејќи е подобро оној што греши да се покае, отколку оној што се поправа да се возгордева. Зашто ви велам, рече Господ, митарот си отиде повеќе оправдан, отколку фарисејот.

Оваа парабола ни открива дека никој не треба да се гордее, дури и ако прави добри дела, но секогаш да се смирува, и да Му се моли на Бога од сета душа, дури ако падне и во последно зло, оти спасението не е далеку.

Митарот е оној што ги собира даноците од народот. Фарисеј е оној што мисли дека е подобар и попаметен од сите. Садукеј е оној што мисли дека е поправеден од сите: седек значи правда. Кај Евреите, пак, имаше три секти (ереси): есеи, фарисеи и садукеи, кои не ги прифаќаа ниту воскресението, ниту ангелите, ниту духот.

 По молитвите на сите овие Твои песнотворци, Христе Боже наш, помилувај нè. Амин.

Извор: Агапи