Esen.manastir1.jpg

Меѓународен научен собир „Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“ во Охрид (04.11.2010)

Esen.manastir1.jpg

 По повод одбележувањето  на 1.100-годишнината од упокојувањето на свети Наум Охридски  Чудотворец,  на 4 номври, во конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид  започна Меѓународниот научен собир „Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“.

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

За животот и дејноста на ученикот на браќата Кирил и Методиј, како и за неговото значење во афирмацијата на Охридската духовна и книжевна школа, на собирот ќе говорат експерти и слависти од Македонија, но и од 15 научни центри од Хрватска, Литванија, Германија, Италија, Русија, Словачка и од Бугарија.  На научниот собир ќе бидат претставени 49 научни трудови од повеќе научни дисциплини посветени на ликот и делото на св. Наум. Во науката се откриваат се поголем број научни достигнувања, како нови творби на овој наш светител.Угледниот професор Волф Ошлис, еден од основачите на македонстиката во Германија и еден од најдобрите познавачи на македонскиот јазик и култура, рече дека темата „Свети Наум“ е секогаш интересна за сите македонисти, оттаму што Наум, Климент и другите се основоположниците на македонската култура, јазик, религија, дури и нација. Притоа тој открива нови детали и теории за активностите на Свети Наум Охридски.

Меѓународниот научен собир што ќе трае до 7 ноември се одржува во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.  (според МИА)

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Свети Наум Охридски Чудотворец (830-910) заедно со Климент Охридски е меѓу најистакнатите ученици на словенските просветители Кирил и Методиј, учесник во нивната Моравска мисија.  Бил учител, писател и меѓу основоположниците на словенската и македонска писменост и просвета, основач на манастирот Св. Архангел кај Охрид, кој денес во негова чест  е именуван манастир Св. Наум. Бил меѓу основачите и учител во Преславската книжевна школа, успешно ја продолжил дејноста на свети Климент во Охридската книжевна школа и  се занимавал и со литература. Починал на 23 декември 910 во манастирот што го изградил на брегот на Охридското Езеро.

 

Esen.manastir1.jpg

 Митрополитот Струмички г. Наум на симпозиумот настапи со предавање на тема „Свети Наум Охридски и суштинскиот континуитет на христијанското Предание“, коeшто во целост ќе биде објавенo во зборникот што ќе се испечати по одржувањето на научниот собир.

Esen.manastir1.jpg

Извадок  од  излагањето на Митрополит Струмички г. Наум:

„Преподобниот наш отец Наум, охридскиот чудотворец, е основоположник на монаштвото меѓу нашиот народ, а неговото духовно влијание преку неговата просветителска и апостолска дејност, преку неговите ученици, се протега и многу пошироко меѓу словенските народи. Тој и денес претставува непресушен извор на инспирација, и тоа не само етички туку и мистагошки. Затоа, неспорна е неговата голема улога и како наш Духовен отец и како апостол и исповедник на верата во зачувувањето и во обезбедувањето на континуитетот на суштината на христијанското Предание, значи и на откровението на хармонијата на аскетско-исихастичкиот подвиг во Црквата и во проповедта на вистинската вера, низ вековите до денес. Јас сум еден од живите сведоци дека и возобновените монашки заедници во манастирите на Македонската Православна Црква се плод на неговото надвременско и натпросторно влијание. Знам дека ова духовно чувство и сознание го споделуваат со мене и сите останати монаси како Светинаумови наследници и сотрудници во делото Божјо, во тајната на Домостројот на спасението на човекот и светот.
 И да заклучиме, само личности, како свети Наум, подготвени да се одречат од себеси и да се жртвуваат себеси за Бог и за своите ближни можат да го градат во историјата она што ќе остане вечно односно вечното да го воплотуваат во историјата, а историското постоење да го преобразуваат во нов, бесмртен облик на битие и светотроичен начин на постоење.“

Esen.manastir1.jpg

 Esen.manastir1.jpg

 Esen.manastir1.jpg

ВИДЕО ИНСЕРТ од излагањето на деканот на Православниот богословскиот факултет д-р  Ацо Гиревски

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

ВИДЕО ИНСЕРТ од излагањето на проф. д-р  Стефан Санџакоски

Esen.manastir1.jpg

  

Esen.manastir1.jpg

Преминпортал

Лето Господово 2010

 

Друго:

Меѓународен научен симпозиум за Свети Наум Охридски

 

Esen.manastir1.jpg  Esen.manastir1.jpg