За сето време се лееше миро од истата...


Во предвечерието на празникот на светиот апостол и евенгелист Лука со биење на камбаните, бројното братство со целиот народ ја пречекавме мироточивата икона на Мајката Божја Иверско-Гавајска.
Сите свечености почнаа во ова предвечерие, на кое беше присутен и Восточно-Американскиот митрополит на Руската Задгранична црква г. Иларион. Црквата беше полна со народ. Сето време приоѓаа и со солзи ја целиваа мироточивата икона на Мајката Божја.
ОД ИКОНАТА ПОСТОЈАНО СЕ ЛЕЕШЕ МИРО, СТАКЛОТО БЕШЕ ОБЛЕАНО СО МИРО, КАКО И НАСЕКАДЕ ОКОЛУ ИКОНАТА!
Утредента, митрополитот Иларион отслужи божествена литургија, на која речиси сиот народ се причести. По трпезата во кабинетот на архимандритот Лука имаше трпеза на љубовта (агапи) по повод неговиот именден, свети апостол Лука.
Исто така, митрополитот Иларион на гробиштата отслужи Парастос на брат Јосиф. Имено, тој беше хранител и чувар на чудотворната инона на Мајката Божја Иверска (копија). Во 1997 год. во Атина тој беше ѕверски убиен од сатанистите. Оваа икона, која тој ја чуваше до ден денес никој не знае каде се наоѓа. На Панихидата митрополитот рече: Маченичката смрт ја покажува верноста кон Христа до крајот на животот.

По молитвите на Мајката Божја, преку нејзината мироточива икона да не запази, избави и сочува од кнезот на овој земски свет. Амин!
Радувај се Мајко Божја!
Нека биде волјата Твоја, Господи, и како знаеш и умееш-спаси ме! Св. Теофан Затвореник
Троитско-Свет Манастир,
Џорданвил, Њујорк.
Стојанче Андов
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://www.preminportal.com.mk/images/Jordanville.03.11.10