markov.sv.Zlata1.jpg

Манастирот посветен на Св. Вмч. Димитриј - с.Маркова Сушица, Скопје ги известува сите браќа и сестри дека по повод патрониот празник, богослужбите ќе се одржат по следниот распоред:

- на 7 ноември со почеток во 16.30 часот, празнична вечерна богослужба со почеток во 16.30 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
- во 23.00 часот, бдение во чест на Св.Вмч.Димитриј
- утредента на 8 ноември со почеток во 8.30 часот Света Божествена литургија
   
Сите благочестиви православни христијани се поканети да земат активно учество на богослужбите кои ќе се одржат во чест на овој голем маченик и светител пред Божјиот престол, а исто така и на празничната трпеза која ќе биде поставена за секој кој ќе го посети манастирот.

Христос посреди нас.