ЧЕТВРТА КНИГА

 bogorodica.k.dol.jpg

ПСАЛМ 91
Бог благословува праведник

1 Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишен,
2 да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ - Твојата верност,
3 на десетострунена харфа и на лира.
4 Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите дела, на делата на Твоите раце им се радувам.
5 Колку се големи делата Твои, Господи! Многу се длабоки Твоите помисли!
6 Безумниот човек не ќе може да ги узнае, неразумниот нема да го разбере ова:
7 дури грешниците и да никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш,
8 Ти си, Господи, Севишен секогаш!
9 Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ќе пропаднат и ќе се растураат сите што вршат беззаконие;
10 а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и ме помазуваш со чисто масло.
11 Моите очи го видоа падот на непријателите мои, и ушите мои го слушнаа тресокот на побунетите против мене злосторници.
12 Праведниот цути како палма, се издига како кедар леванонски.
13 Тие се засадени во домот Господов, ќе цутат во дворовите на нашиот Бог;
14 тие и во староста ќе бидат плодни, сочни и полни со свежина,
15 за да возвестуваат дека е праведен Господ, мојата Карпа во Која нема неправедност.